Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kolerski grobista izgled26.05.2016  Околу 45 илјади евра ќе чини изградбата на мултинаменско спортско игралиште во месноста Колерски гробишта во Кочани.

Општината ја заврши првата фаза од тенедерот за избор на изведувач на градежните работи и по завршувувањето на остатокот од процедурата би требало кон крајот на јуни или почетокот на јули да започнат активностите на терен.

Според техничката спецификација за спортското игралиште се предвидува тоа да зафаќа површина од околу 1300 метри квадратни, при што како комплетен објект да овозможува услови за натпревари во кошарка, ракомет и мал фудбал.

Исто така, предвидено е да се уреди и детско забавно игралиште на површина од околу 50 метри квадратни и на истото да бидат поставени тобоган, лулашки и други реквизити изработени од стаклопластика и дрво. Дополнително, како придружна содржина се планира и уредување на бехатон пешачка патека до двете игралишта што ќе биде долга 90 и широка 2 метри.

Целата активност за уредување на просторот доаѓа по повеќекратни реагирања на граѓаните што живеат во непосредна близина, затоа што некогашната зимзелна шума одамна е исечена, а просторот е претворен во депонија. Реакциите беа пренесени и на една од седниците ан Советот на Општината, со барање надлежните да преземат мерки поради узрупирање на земјиштето.

- Тоа место е целото узурпирано таму, сега пред 4-5 дена узурпиран е целиот дел таму, во Колерските гробишта, оградено е со жици, со мрежа, викнаа булдожери, израмнет е целиот тој таму. Си мислам да не реагирала Општината нешто таму, дали дала на некого да работи, за тоа, рече  Аки Акиов, член на Советот на Општина Кочани.

Освен средувањето на земјиштето што е во државна сопственост, пред половина година граѓаните реагираа и за оштетената комунална инфраструктура, односно за истекувањето на фекалии од оштетена канализациска шахта во непосредна близина. Проблемот и понатаму чека решение со оглед што кај спојот на улиците “Цветан Димов“ и “Наум Наумовски – Борче“ се создава голем поток од смрдлива отпадна вода што при секој поообилен дожд им влегува во дворовите на жителите од овој дел на населбата.

Т. Ајтовски

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/13°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-3°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 82 гости и нема членови


web counter



qr code