Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

krvodaruvanje kocani26.05.2016  Над 30 граѓани од Истокот повеќе од сто пати во животот дарувале крв и со тоа спасиле туѓи животи. Од нив седум се во Штип а пет во Кочани.

61-годишниот пензиониран полицаец Коце Коцев е еден од петмината во Кочани кој на редовната  крводарителска акција во Општинската организација на Црвен крст скапоцената течност ја даруваше по 161 пат.

Крв дарува од негови 17 години. Се потсетува на неговото прво крводарување.

- Првото крводарување беше на мои 17 години кога морав да излажам дека сум постар за да ми дозволат да дарувам крв. Хемијата сеуште не е на тоа ниво за да може во потполност да ја замени крвта. Крвта е лек што треба несебично да се дарува. Тоа не е производ што може на пазар да се купи. Ако секој втор здрав граѓанин на Македонија дарува крв, барем еднаш во животот, потребите од крв во Македонија ќе бидат задоволени, вели рекордерот крводарител Коце Коцев.

Чувството да се дарува крв и да се спаси живот е многу силно, вели  крводарителот од Кочани Петар Делчев кој на крводарителската акција крв даруваше по 105 пат.

- Секогаш кога дарувам крв, јас се чувствувам одлично, не само физички, но и психички, затоа препорачувам на сите млади да даруваат крв, рече  крводарителот Петар Делчев.

Редовната крводарителска акција во Општинската организација на Црвен Крст - Кочани протече добро и дарувани беа околу 30 единици крв.

Т. Велкова

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 163 гости и нема членови


web counter



qr code