Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kabelska vinica31.05.2016  Пожар ја пеплоса опремата на кабелскиот оператор “Вин-сат“ во Виница сместена во барака на улицата “Партизанска“.

Техничките уреди преку кои се пренесуваше телевизискиот и интернет сигналот се целосно оштетени поради што сите претплатници се оневозможени да ги користат услугите на операторот. Со оглед што пожарот избувнал по полноќ, внатре немало никој па нема ниту повредени.

Во текот на целиот ден вработените во “Вин-сат“ ја изнесуваа опремата и ги расчистуваа остатоците од огнената стихија, обидувајќи се да согледаат дали нешто може повторно да се искористи за состојбата што побрзо да се нормализира.

- Штетата е многу голема, во моментов не знаеме, чекаме допрва да се евидентираат последиците од настанатиот пожар. Им се извинуваме на сите претплатници, во моментов се во прекин со користење на нашите услуги дел од градот и селата во општина Виница, очекуваме најбрзо да се реши, очекуваме уште во текот на денешниот ден, имаме екипи на терен кои работат и треба да ги пуштиме повторно услугите, рече Ивана Тасевска, вработена во “Вин-сат“ – Виница.

Дури рано изутрината граѓанин од Виница го пријавил пожарот во бараката на кабелскиот оператор. Соседите од блиските станбени објекти не забележале што се случило во текот на ноќта.

- Јас кога станав, полицијата беше тука, народ, јас мислев биле крадци за да крадат, а тоа било запалено, не знам... Сабајле беа тука пожарникарите и полицијата беше и тоа е се. Ништо не сме виделе, не сме разбрале, ни кој направил, ни што е.... Дојдов овде затоа што немам интернет, нема конекција, па имале пожар нешто, не знам, рекоа граѓани на Виница.

По овластување на Јавен обвинител увид на местото на настанот извршиле полициски службеници од Полициската станица во Виница, кои се сомневаат дека огнот е подметнат.

- Пожарот најверојатно е предизвикан со помош на пластично шише во кое имало запаллива течност и пластично црево. За време на пожарот опожарена е дел од електронската опрема на кабелската телевизија, рече Гордана Панајотова, портпарол СВР – Штип.

Четириесетина минути по интервенцијата на ТППЕ - Виница пожарот бил локализиран. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и откривање на евентуалниот подметнувач на огнот.

Т. Ајтовски

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 116 гости и нема членови


web counter



qr code