Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ZMIJA sarka102.06.2016  За три дена фатени две змии отровници во паркот кај Белско маало во Кочани.

Делчо Јованов, жител на улицата „1 Mај“ во Кочани првата ја фатил пред само три дена и ја отепал, а втората ја фатил жива и ја ставил во големo шише.

Околу змијата имало деца кои секојдневно си играат во паркот, но за среќа не каснала никого. Многу се вознемириле и случајно присутните родители кои кажале дека веќе нема да ги пуштаат децата да си играат во паркот, од причина што се сомневаат дека отровниците ги има во овој дел од градот.

- Само што се паркирав пред дворот на мојата куќа веднаш забележав змија која што сакаше да влезе во дворот. Реагирав и со стап ја фатив во шише, а претходната што ја фатив пред три дена ја отепав. Многу луѓе од маалото се собраа исплашени за своите деца и рекоа дека веќе нема да ги пуштаат да си играат во паркот. Се зачудивме како се нашла змијата во паркот, оти ваквите змии би требало да ги има барем на три километри подалеку од градот, рече Делчо Јованов, жител на Кочани.

Со цел да не се случи нешто непосакувано, Јованов апелираше до КЈП „Водовод“ да се искоси тревата во паркот за да не се кријат опасните отровници во неа. Инаку, што се однесува до фатената змија станува збор за отровната шарка, тврдат познавачите.

- Се работи за шарка која што е многу отровна змија, една од најотровните во Македонија. За несреќа ние во нашиот крај имаме три вида отровни змии шарка, поскок и коштрица. Отровот на шарката е доста опасен затоа што го парализира градниот кош односно органите за дишење и доколку каснатиот не добие серум може да дојде до труење на крвта и до смрт, рече Киро Бојаџиски, магистер по екологија.

Шарката е отровница што тешко се приметува заради тоа што се наоѓа на места каде што има шарена сенка и се прилагодува на животната средина каде што се наоѓа. Познавачите апелираат посебно да внимаваат оние што берат печурки, лековити билки или децата што си играат во неокосени треви. М-р Бојаџиски додава дека шумските работници секогаш треба со себе да носат серум или т.н антивиперин.

Инаку, топлото време е причина плус да се раздвижат влечугите. Лекарите потврдуваат дека април, мај и јуни се трите месеци кога има најмногу каснувања од змии.

Т. Велкова

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 128 гости и нема членови


web counter



qr code