Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

svetilki zamena02.06.2016  Не помина ниту една година од реконструкцијата на јавното осветлување во Кочани и од комплетната замена на живините со ЛЕД светилки, а на терен веќе се забележуваат екипи кои повторно работат околу столбовите на кои тие се поставени.

Граѓаните се сведоци дека новите светилки се отстрануваат, а на нивно место се поставуваат други со ист изглед. Поради тоа се јавува сомневање дека има некакви проблеми со современата солид стејт ЛЕД технологија за која лани Локалната самоуправа се пофали дека е пионер на балканските простори во нејзината примена.

Дилемите на граѓаните беа пренесени и на последната седница на Советот на Општина Кочани.

- Во последно време имаше барања за одговор на прашањето зошто се тргаат одредени делови од уличното осветлување? Значи, граѓаните го плаќаат тоа и наша обврска е тие да знаат што се случува на терен со потрошените нивни пари, рече Лилјана Арсова, член на Советот на Општина Кочани.

Од Локалната самоуправа не негираат дека има проблеми со новото јавно осветлување, поради што повторно се интервенира на одредени места во градот. Сепак, сето тоа било на трошок на фирмата продавач на светилките.

- Се работи за интервенции во делот на гарантниот рок. Значи светилките имаат гарантен рок од три години целосно да се одржуваат од страна на испорачателот на опремата, а 7 години е нивниот гарантен век на живеење, рече Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

Објаснувањето на првиот човек на Општината за карактеристиките на светилките уште повеќе ги става граѓаните во дилема во споредба со образложенијата дадени минатата година.

- Животниот век на ЛЕД светилките е за повеќе пати подолг од живините, така што ако живините ги менувавме еднаш годишно, новите ЛЕД светилки имаат гаранција за 10 години, рече во октомври минатата година Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

Гаранцијата за животниот век на новото јавно осветлување од седум или десет години е помалку значаен податок за јавноста од фактот дека во краток временски интервал се вршат поправки и замена на светилките. Тврдењето дека трошоците за тоа се на товар на испорачателот на опремата е слаба утеха, ако се знае дека целиот проект чини нешто помалку од 1 милион евра, што граѓаните ќе го плаќаат во наредните неколку години.

Останува прашањето што ќе се случува по истекувањето на гарантниот рок, ако сега, неколку месеци по завршувањето на проектот, веќе се заменуваат новите светилки со уште понови?

Т. Ајтовски

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/14°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 83 гости и нема членови


web counter



qr code