Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

protesti 02.06.201603.06.2016  Поддржувачите на “Шарената револуција“ во Кочани со маршот по улиците на градот и собирот во Паркот на Револуцијата ги завршија овонеделните тридневни протести.

Главна порака остана барањето за неселективна правда и повлекување на аболицијата за сите лица. Со нешто поразлична маршрута од изминатите денови, граѓаните ги обиколија главните градски улици, повикувајќи ги оние што се уште се двоумат или се плашат, да излезат и да им се придружат.

Како и пртетходно, маршот го завршија од почетното место во Паркот, од каде порачаа дека остануваат на веќе познатите барања да нема амнестија за сторениот криминал од страна на актуелната власт, за што поддршка добивале и од странски претставници.

- Да не се лажеме, овој режим е спремен и да ја стави државата во заложништво, спремен да не изолира од цела европска заедница и од цел свет само за да останат на чело на власта и да си ја спасат главичката, да се заштитат од криминалот што го направија. Но, меѓународната заедница е со нас, знае и учествува во решавањето на оваа криза. Секојдневно гледаме како поранешни амбасадори чекорат со нас по улиците ширум државата и од тоа нема бегање, знаат на која страна е правдата, знаат на која страна е вистината и ќе не поддржуваат во нашите намери да истраеме до крај, рече Дарко Давитковски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

Давитковски додаде дека и покрај поддршката од страна, потребно е граѓаните да издржат во барањата за симнување од власт на сегашната владејачка гарнитура, за да се обезбеди иднината на државата.

- Морам да ви порачам дека никој друг нема да ни ја заврши работата ако не си ја завршиме сами. Затоа, истрајно, одлучно, на улица. До кога? До победа, до враќање на слободна Македонија, додаде Давитковски.

Маршот и собирот на “Шарената револуција“ помина мирно и без инциденти. Организаторите рекоа дека во наредните неколку денови ќе направат мала пауза во собирите, но тоа не значело откажување од протестите, туку тие ќе продолжеле и во наредниот период.

Т. Ајтовски

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NE при 22 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/13°C
Сабота2°C/12°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 88 гости и нема членови


web counter



qr code