Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

parking plostad10.06.2016  Завршува можноста за бесплатно паркирање скоро на сите улици во централното градско подрачје на Кочани.

Од 1 јули ќе треба да се плаќа и на оние обележани паркинг места на кои до сега возачите слободно ги оставаа возилата. Општинската власт ќе ја активира одлуката донесена уште во мај 2014 година со која се воведе наплата на такса за паркирање на најфреквентните улици.

Како привремено решение тогаш започна да се плаќа само за сообраќајниците од десната страна на Кочанска Река, како и на паркинзите кај Трговскиот центар и кај кулата “Треска“.

Целосната примена на одлуката ќе значи дека наскоро возачите ќе плаќаат за привремено оставање на своите возила и на останатите улици кои беа слободни за таа намена.

Таа предвидува наплатата да се врши и на просторот на градскиот плоштад “Методија Андонов Ченто“, на улицата “Кеј на Револуцијата“ од аптеката “Зегин“ до паркот кај Старата зграда, потоа на паркингот кај Паркот на Револуцијата, паркингот кај Централниот регистар и просторот кај службениот влез на “Македонска пошта“.

Граѓаните се со поделени мислења за тоа дали одлуката ќе помогне во ставањето ред во хаосот со користењето на паркинг просторот во центарот на градот.

- Ред се уште не може да се стави како што гледате, на една кола мали паркинзи, треба уште многу поголеми паркинзи да се направат... Кога се плаќа и кога има некој посигурно е и за градот и за колите... Ги затворија уличките како паркинг плац, тоа е. Да се направи една зградичка, кој сака да плати да паркира, нека кружи, ако не, тоа е... Јас мислам дека не треба да се плаќа затоа што луѓето немаат пари. Треба да стават некаков друг ред, паркинг плац тука во градот не се прави само, рекоа граѓаните.

За да се официјализира примената на одлуката за проширување на бројот на местата за паркирање за кои ќе се плаќа надоместок согласност ќе треба да даде Советот на Општината. Предлогот како точка на дневниот ред ќе се најде на седницата закажана за идната недела, а целата постапка може да се смета како формалност со оглед на распоредот на силите во Советот и досегашниот начин на донесување слични одлуки.

Според претходно усвоената одлука за паркирање во зимскиот период ќе се наплаќа во периодот од 9 до 22 часот, а во летниот од 8 до 24 часот, додека за време на празници и во недела оставањето на возилата ќе биде слободно.

Т. Ајтовски

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 89 гости и нема членови


web counter



qr code