20.08.2013 29-годишниот Р.Л. и 38-годишниот С.А., и двајцата од Кочани, заработија кривичнa пријавa за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги и психотропни супстанции“.
Според извештајот од полицијата, во текот на март годинава, првопријавениот набавувал наркотична дрога „марихуана“ од негови пријатели од Штип и Скопје. Количините што ги купувал ги носел во домот на второпријавениот, каде им овозможил на неколку лица да уживаат во дрогата.
На 7 март годинава, полициски службеници извршиле претрес над првопријавениот при што билe пронајдени 1,5 грам „марихуана“ и еден џоинт.
По расчистувањето на случајот е утврдено незаконско дело, заради што двајцата кочанци ќе одговараат кривично и ќе се најдат на суд.
Т. Ајтовски