13.06.2016 Петгодишниот Столе Иванов играјќи си во дворот на куќата на улицата „Царка Ѓорѓиева“ во населбата Оризари во саботата околу 19.30 часот се фатил за оградна мрежа на која имало струја и настрадал од струен удар.
Брзата реакција на неговата баба го оставило во живот малиот Столе.
- Во моментот мојот внук Столе излета во бавчата, се фати за мрежата и почна да писка силно и кога отидов кај него сакав да го тргнам од мрежата, но не можев од силната струја која што го тресеше. Од мрежата му одделував прст по прст, но и мене ме фати силно струјата и се исплашивме, па веднаш го однесовме детето во болница, вели Виолета Ѓорѓиевска, баба на детето.
Станува збор за внатрешна инсталација на потрошувач до помошен објект во дворната површина.
- Увид направи и полицијата и ЕВН и утврдија дека во мрежата има струја од 220 волти. За да ја утврдат точната состојба прво ја исклчучија струјата и констатираа дека струјата на мрежата не е од кај нашата куќа туку дека доаѓа од кај сеседната куќа, рече Боре Ѓорѓиевски, дедо на детето.
Увид направила полицијата и стручни екипи од ЕВН кои веднаш дошле на местото на настанот по повик на МВР и ја утврдиле можната точка на дефект. Истрагата е во тек.
- Иако ЕВН Македонија нема никаква допирна точка со немилиот настан што се случи во саботата сепак изразуваме жалење токму од вакви настани кои што се случуваат. Дали се тоа е некои оператоти или нешто друго што може да предизвика опасност апелираме на најголемо внимание при поминувањето покрај таквите објекти. Значи ЕВН Македонија на никој начин не придонесе за немилиот настан кадед што тое дете се здоби со повреди. Сепак наши те екипи излегоа на терен и утврдено е дека сите енергетски објекти на ЕВН се во ред и дека струјниот удар не е настанат од објект на ЕВН Македонија. Останатото оставаме да го направи полицијата и да излезе со официјално соопштение, рече Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН Македонија.
За среќа малиот Столе по тридневната нега во Хируршкото одделение во кочанската болница е во добра здравствена состојба и е пуштен на домашно лекување.
Т. Велкова