Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sv trojca stip14.06.2016  Храмот „Света Тројца“ во населба „Баби“ во Штип, кој што се уште не е осветен, е узурпиран од бајачот Далибор, кој е обземен од ѓаволски дејствија и се занимава со разни бајачки работи, со што го труе недоволно упатениот народ во светата прaвославна вера. Со тоа тој ги злоупотребува неволјите на народот за негов личен профит и истиот од страна на црквата е екскомунициран, односно одлачен од Православната црква.

Затоа Владиката Иларион со апел и совет до сите духовни чеда, заради нивно спасение и за спасение на нивните сегашни и идни чеда, да престанат со посетите на овој храм, се додека не се реши проблемот со бајачот Далибор, за да не го навлечат Божјиот гнев врз себе и своите чеда.

Владиката Иларион додава дека сите верници можат да ги посетуваат сите други легални, официјални и облагодатени цркви во Штип.

Воедно упатува и апел до сите духовни чеда на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, Брегалничка православна епархија и ги поучува во духот на православното учење дека од причина што петокот и саботата се деновите кои што се посветени на починатите - Задушница пожелно е сите да ги посетат своите упокоени и нивните вечни живеалишта и со тоа да им одаддат почит и внимание молејќи се за нивно спасение и вечен живот.

Во неделата кога Светата Црква го празува својот роденден, односно Педесетница или Духовден, митрополитот Иларион замолува да не одат на гробишта, туку да присуствуваат на светите литургии во храмовите каде што сите заедено ќе можат да се помолат на Бога за здравје и спасение на сите.

Инаку празникот Света Тројца – Духовден е Господов празник и роденден на Православната Христова Црква, ден во кој Господ Бог го испратил Светиот Дух врз Светите Апостоли и ги обдарил со извондредна духовна сила за да можат да го проповедаат Словото Божјо, благата вест – за спасението на светот.

На крајот од апелот Владиката Иларион на сите православни верници им го честита празникот и роденденот на Светата Црква Духовден посакувајќи им мир и благослов и добро здравје.

Т. Велкова

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: WNW при 4 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток-1°C/12°C
Петок1°C/11°C
Сабота1°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 66 гости и нема членови


web counter



qr code