Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

parking kej na revolucija15.06.2016  Советот на Општина Кочани не ја разгледуваше предлог-одлуката за проширување на опфатот на улиците за кои ќе се плаќа за паркирање.

На седницата на која требаше да се расправа за неа, истата беше повлечена уште додека се утврдуваше дневниот ред. Предлогот за тоа дојде од владејачкото мнозинство.

- Како координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, предлагам точката 2, Предлог-одлука за измена на одлуката за користење на јавниот простор за паркирање на подрачјето на општина Кочани да биде изземена од дневниот ред со единстеван цел да биде извршена нејзина доработка и во иднина, на некоја друга седница да биде предложена како точка, рече Лазо Митев, член на Советот на Општина Кочани. Предлогот за повлекување на точката од дневниот ред наиде на бура од реакции кај советниците од опозицијата, кои нагласија дека имаат ист став со советникот Митев, но побараа дополнително образложение зошто таа била понудена за расправа и кои се причините за нејзино изземање.

- Барам објаснување зошто е ставена воопшто на денешниот дневен ред бидејќи не беше ставена во координацијата што ја имавме во врска со денешната седница и барам да се обезбедат дополнителни материјали во однос на работењето на платениот паркинг кој што функционира сега, рече Ѓорѓи Алексов, член на Советот на Општина Кочани.

- Пред една недела се договара дневниот ред, ја нема точката. Пред два дена ја има, а сега пак ја нема. Е, па, кој го составува дневниот ред, изгледа вие немате контакт помеѓу себе. Координаторот на советничката група бара да се повлече точката, а неговиот прв партиски другар пред два дена ја ставил, ја вметнал, а пред тоа не беше планирана, рече Сашко Стефановски, член на Советот на Општина Кочани.

Во дискусиите на советниците од опозицијата беше потсетено и дека граѓаните со петиција не дале поддршка на одлуката за плаќање надоместок за паркирање.

- Зад оваа точка од дневен ред, не можеме да минимизираме, стои една активност на граѓанска иницијатива на која што ќе се присетам дека тогаш на граѓаните им беше испратено писмо од администрацијата на Општината дека правнички не било основано и дека процедурата што ја спровеле не била законски поткрепена. Па, кој треба граѓаните да ги обучува за тоа да знаат дали правилно е постапено или не, рече Лилјана Арсова, член на Советот на Општина Кочани.

- Сметаме ние како опозициона советничка група дека донесувањето и на досегашните одлуки да се наплаќа паркингот во Кочани е погрешна одлука и оној што сака да ја стави на дневен ред, една моја препорака, не на овој начин, не на брзина и не без претходни аргументи за да го оправда досегашното наплатување на паркингот во Кочани, рече Влатко Трајанов, член на Советот на Општина Кочани.

Очигледно затечена од ставовите на советниците, општинската администрација која го подготвувала дневниот ред на седницата немаше одговор на прашањата, па нејзиниот прв човек мораше да признае дека негова е инцијатаивата за проширување на опфатот на улиците на кои се плаќа за паркирање. За таквата одлуката тој се обиде да даде и образложение.

- Предлагач на дневниот ред сум јас, нема затскривање, нема кажување на некои други работи. Со оваа измена на одлуката за користење на јавниот простор, се проширува просторот на кој треба да се наплатува паркирањето во општина Кочани и оној сообраќаен метеж, онаа гужва што ја имаме, колку-толку да се намали и на левата страна од Кочанска Река. Некои тврдат дека со наплатата на паркирањето од само 10 денари од час се брка во џебовите на граѓаните и се прави дополнителен трошок, другите го оправдуваат, граѓаните го оправдуваат тоа, дека е добра работа, особено бизнис-секторот, тие што доаѓаат да завршат работа во градот и го поздравуваат и сакаат да се прошири и на другата страна, кај другите институции каде што се, рече Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

Оправдувањето на Димитровски не беше прифатено од советниците, така што тие едногласно, со 19 гласа “за“, го отфрлија неговот барање да се плаќа за паркирање и на улицата “Кеј на Револуцијата“, потоа на просторот на Градскиот плотшптад, како и на паркинг просторот кај чешмата кај Градскиот парк и пред Централниот регистар.

Т. Ајтовски

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 11 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 173 гости и нема членови


web counter



qr code