Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

pres SDSM za ratko16.06.2016  Додека граѓаните крпат крај со крај и секојдневно ја напуштаат државата заради лошите, криминални политики на власта, Никола Груевски и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ секојднeвно се богатат.

Ова беше речено на прес-конференцијата на Oпштиснкаата организација на СДСМ од Кочани, на која нејзиниот претседател Сашко Костов посочи дека пример за такво богатење е и градоначалникот Ратко Димитровски, кој добивал пари од фондацијата на американскиот бизнисмен со грчко потекло Џорџ Сорос.

- Никола Груевски и медиумските курири, платени со пари на граѓаните, водат хајка против борците за демократија, невладините организации и граѓаните што секојдневно протестираат, а молчат за огромните суми пари, што токму преку СОРОС ги има добиено Ратко Димитровски.

Еве, овој извештај покажува дека Ратко Димитровски за печатницата „Европа ’92“ од СОРОС има добиено речиси 800.000 евра. Ова е веројатно најголемата сума што некој во Македонија ја има добиено од СОРОС, рече Сашко Костов, претседател на ОО СДСМ – Кочани.

Кочанските социјалдемократи рекоа дека постојано се прават манипулации во јавноста дека сите други, само не функционерите од ВМРО-ДПМНЕ добиваат пари од фондацијата Отворено општество Македонија, или попозната како Сорос.

- Јасно е, секојдневните спинови и манипулации на медиумските курири, нападите на борците за демократија се само параван за прикривање на криминалните активности на ВМРО-ДПМНЕ. Едно треба да е јасно, ништо нема да му помогне на Никола Груевски, најмалку лагите на медиумските курири. Нема бегање од одговорноста. Секој што го прекршил законот ќе одговара, додаде Костов.

На прес-конференцијата Костов рече дека правда во Македонија ќе има, затоа што таа треба да биде општество со еднакви можности за сите нејзини граѓани. Истовремено најави дека во наредниот период преку слични прес-конференции ќе се разобличат манипулациите и лагите, но и криминалното работење на актуелната државна и локална власт. Според него, јавноста заслужува да знае кој е виновен за лошата состојба во која се наоѓа државата и нејзините граѓани.

Т. Ајтовски

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: North при 0 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток0°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 90 гости и нема членови


web counter



qr code