Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

protest sarena revolucija 15.0616.06.2016  По 17-ти пат граѓаните поддржувачи на “Шарената револуција“ излегоа на мирен протест по улиците на Кочани. Маршот го започнаа од Паркот на Револуцијата од каде со транспарент “Селективна правда не е правда“ и со извикување на вообичаените пароли против актуелната власт, продефилираа низ центарот на градот и повторно се собраа на почетното место.

Пред насобраните граѓани беа повторени барањата поради кои веќе два месеци се организираат протестите во скоро сите градови во државата.

Беше речено дека уште неколку дена остануваат од поставениот рок до 18 јуни Уставниот суд да ја потврди легалноста на Специјалното јавно обивнителство на Катица Јанева.

- Уставниот суд ја имаше можноста да покаже дека е за Македонија во која владе правото, а не во која владее криминалот. Меѓутоа, Уставниот суд повторно со тоа што не ја стави точката на дневниот ред го покажа вистинското лице и покажа дека не е на страна на правдата, туку дека е на страна на криминалците од власта. Тоа не го дозволуваме и затоа секојдневно ги полниме улиците и бараме правда, рече Игор Трајчевски, член на Извршниот одбро на СДММ.

Трајчевски рече дека оставката на министерот Ставревски не значи крај на проблемите, бидејќи тој ја задолжил државната каса со повеќе стотици милиони евра што ќе мора да ги враќаат сите граѓани. Поради тоа, не самот тој, туку сите кои направиле злоупотреба на народните пари ќе мора да се повлечат од функциите и да одговараат, беше речено на собирот.

- Време е криминалците да си се соочат со правдата, време е корумпираните да одат во затвор, време е да ни се врати достоинството на нас како луѓе зошто ние не сме човечиња. Време е да си ја вратиме слободата, демократијата и правдата и време е за промени, конечно доаѓаат промените. По сите ранг листи и по сите статистики не убедуваат дека или сме биле први во светот или меѓу првите пет во светот и во Европа. Да, вистина е така, меѓу првите пет сме, ама од дното, па нагоре. Ако е се така убаво, ако напредуваме буквално во секој поглед, зошто толку многу луѓе се отселуваат од нашата држава? Тоа веќе нема да го дозволиме, рече Сања Лукаровска, член на Извршниот одбор на СДСМ.

Лукаровска додаде дека сите оние кои ги украле парите од народот ќе мора да ги вратат и да одговараат за тоа. За да се разреши политичката криза во Македонија, порача дека задолжително треба да се исполнат договорените услови од Пржинскиот договор, односно прочистување на избирачкиот список, демократизација во медиумите и составување привремена влада која ќе подготви фер, демократски и кредибилни избори.

Организаторите на протестот најавивија дека маршот и собирите нема да престанат се до исполнување на барањата.

Т. Ајтовски

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 91 гости и нема членови


web counter



qr code