Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

mihaela angelova16.06.2016  Триесетгодишната виничанка Михаела Ангелова, која е доктор на науки по биоинформатика, го доби признанието „Најдобар млад научник“ за 2015 година, кое шеста година по ред го доделува претседателот Ѓорге Иванов.

Таа е избрана на отворениот јавен повик на кој за ова признание за 2015 се пријавиле десет млади научници од Македонија.

Минатата година Ангелова докторирала на Медицинскиот факултет во Инсбрук, Австрија, стекнувајќи го звањето доктор на науки по биоинформатика, на тема „Имуногеност на рак на дебелото црево“. Додипломските и постдипломските студии ги завршила на Факултетот за електротехника и информациски технологии на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со просечен успех 9,95 и 9,88.

Ангелова за време на студиите била на размени на универзитети во Грац и Париз, вклучена како помлад истражувач во МАНУ, а по докторирањето работела како научен истражувач на Институтот за биоинформатика на Универзитетот во Инсбрук. Од август 2015 таа работи како научен истражувач, постдокторанд биоинформатичар во лабораторија за интегративна имунологија на ракот во Париз.

Коавтор е на седум научни труда објавени во списанија со импакт-фактор, учесничка на меѓународни конференции и добитник на голем број домашни и меѓународни награди.

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 102 гости и нема членови


web counter



qr code