Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

policija kocani22.06.2016  Полицијата расветли два случаја на поголеми кражби што во изминатата половина година се случија во Кочани.

По истрагата што беше спроведена во текот на овој месец, откриени се сторителите на разбојничкиот чин во Ловниот дом, каде беа украдени неколку пушки и пиштоли. Против лицата е поднесена соодветна пријава, велат од СВР – Штип.

- Полициската станица - Кочани до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против пет лица на возраст од 13 до 15 години од Кочани поради постоење основи на сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело  „тешка кражба“. Пријавените во периодот од 22 до 29 мај оваа година во просториите на Ловниот дом во Кочани со употреба на подесен алат и сила, најпрвин ја откорнале металната заштитна решетка на еден од прозорците на подрумската просторија, од каде влегле внатре и со подесен алат насилно ги отвориле сите собни врати од објектот, извршиле претурање и зеле клучеви од ормар, го отклучиле и одзеле два пиштоли, еден ловен карабин, една малокалибарска пушка, две трофејни пушки и електричен кабел причинувајќи материјална штета од 29.000 денари, рече Гордана Панајотова, портпарол на СВР - Штип.

Освен оваа, расветлен е уште еден грабеж во кој 20-годишно лице од Кочани крадело во магацин во која имало машка и женска облека. Полицијата и против него поднесе кривична пријава за стореното дело тешка кражба.

- Ноќта помеѓу 8 и 9 јануари годинава со намера за себе противправно да прибави материјална имотна корист пријавениот со употреба на подесен алат насилно ја отворил споредната влезна врата на магацинска просторија во Кочани, влегол внатре и одзел  55 машки панталони, 43 машки јакни, 4 машки капути, 5  женски јакни, 19 фустани, 19  машки каиши, 38 маици со што причинил материјална штета околу 193.000 денари, додава Панајотова.

Од полицијата велат дека и понатаму работат на истрагата на други случаи на ктражбио во општината што се случија во изминатиот период.

Со оглед на сезоната на годишни одмори и отсуства на граѓаните од нивните домови, од СВР предупредуваат на можноста за зачестена појава на имотните деликти, поради што апелираат самите граѓани да преземат соодветни мерки со кои ќе го намалат ризикот да бидат ограбени.

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: North при 0 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток0°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 80 гости и нема членови


web counter



qr code