Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

krava23.06.2016  Се зголемува бројот на заболените говеда од болеста јазлеста кожа во Источниот регион на Македонија, а превентивните мерки се на многу ниско ниво.

Сточарите се жалат дека повеќе од два месеци добиваат ветувања дека нивните стада ќе бидат вакцинирани, но до сега освен најавите, во практика немало никакви активности. Поради тоа дел од грлата веќе се зафатени од болеста, па нивните сопственици се приморани да ги пријават за да бидат уништени од стручни екипи.

Пред камера се плашат да зборуваат отворено за состојбата, но и оние што се охрабруваат на тоа, велат дека немаат официјален одговор дали и кога ќе има вакцинирање. Додека чекаат тоа да биде спроведено, своите крави ги носат на уништување.

- На депонија таму, дупка има ископано, ќе ја убиваат, што ќе прават поим немам. Триесет крави имам, сега моментално две имам зафатени, не се боцкани кај мене уште. Два месеци чекаме, нема вакцини, нема стигнато, така ни кажуваат, известуваат. Ништо, така, лажат, и тоа е тоа, рече сточар од Лешки.

Пред еден месец на средба со сточарите од Малешевијата од Агенцијата за храна и ветеринарство беше рече дека ќе се преземат сите заштитни мерки за да се спречи ширењерто ан болеста јазлеста кожа. Имаше најава дека ќе се спроведе и соодветно прскање, псебно што преносител на заразата се комарците, мувите и другите слични инсекти. Тогаш директорот на Агенцијата, Зоран Поповски, се очекува бројот на заболени животни да продолжи да расте и во наредниот период, се додека не се започне со вакцинирањето и прскањето против инсектите.

- Од искуство се покажа дека терестријалното прскање е многу подобро од авионското во делот на заштитата, бидејќи инсектите најчесто се наоѓаат на долната страна на листовите на растенијата, па од земја многу полесно се опфаќаат овие инсекти и полесно се сузбиваат. Во изминатите години, по искуството со болеста син јазик, се констатира дека начинот на прскање од земја е поефикасно, но сепак не се исклучува можноста за она авионско прскање и сите општини кои имаат можност, не финансиска, туку да користат авиони, препорачливо е исто така да се изврши прскањето авионски, рече во мај годинава Зоран Поповски, директор на Агенција за храна и ветеринарство.

Освен најавеното прскање против комарците што Општините вообичаено ги реализираат во овој период од годината, нема сознанија дали ќе има дополнителни третмани.

Во меѓувреме, Локалните самоуправи добиле обврска да обезбедат локации каде заболените грла берзбедно ќе се уништуваат и ќе бидат закопувани. Таква постапка е веќе во тек, а говедата организрано со камион се собираат и се носат на определените места.

Според сточарите пак, неофицијалните најави биле дека се очекува вакцините против болеста јазлеста кожа да стигнат до почетокот на идната недела.

Т. Ајтовски

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 104 гости и нема членови


web counter



qr code