Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

treva2 vreki28.06.2016  Веќе три години вработените од сметководственото биро “Деспотовски“ имаат проблем со зелената површина пред влезот на објектот што сами ја уредуваат со сопствени средства, иако таа се наоѓа под надлежност на Општината и задолжено да ја уредува е комуналното претпријатие “Водовод“.

Сопственикот Зоран Деспотовски сам ја коси тревата, ги набавил сите потребни алати со кои ја собира искосената трева во вреќи и ги остава до улицата.

Од овде вработените од “Водовод“ треба да ги соберат затоа што секое утро поминуваат со камион. Меѓутоа, веќе четири недели вреќите се наоѓаат на истото место каде што Деспотовски ги оставил.

- Проблемот се состои во тоа што не сакаат вака уредно собрано сено, во вреќи, од комуналното претпријатие да ги земат вреќите кои стојат веќе четврта недела. Површините кои тие треба да ги косат, тие треба да собираат, ние тоа го работиме, го собираме на едно место, а никако не сакаат, дури не била нивна работа тоа да го собираат. Зборуваме за зелена маса која останува после косењето, која треба јавното претпријатие да ја искоси, ние ја косиме, ние ја собираме и на крајот месец дена вака стои, не сакаат да ја соберат, рече Зоран Деспотовски од сметководственото биро “Деспотовски“.

Граѓаните револтирани од негрижата од комуналното претпријатие за кое плаќаат услуги што не ги користат, одлучни се доколку не се реши овој проблем да се обратат до повисоки надлежни институции.

На улицата “Охридска“ се наоѓаат повеќе такви површини со израсната трева што чекаат да бидат искосени, посебно во овој период кога можат да претставуваат опасност од појава на змии.

М. Божинова

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/14°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 137 гости и нема членови


web counter



qr code