Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

tiana jovic koncert amor29.06.2016  Одличен настап со добро осмислена програма во која беа вклучени дела од Штамиц, Доницети, Моцарт, Керлер и Милоти имаше младата Тиана Јовиќ на својот втор солистички концерт на флејта во Кочани.

Во преполната сала на ресторанот “Амор“ публиката уживаше во изведбата на делата од романтизмот и класицизмот, а имаше можност да слушне и нешто посовремени творби, создадени во 20 век. После секој настап следуваа бурни аплаузи, како потврда за задоволството кај присутните од изведбата.

Веднаш по концертот Јовиќ, не криејќи ја возбудата од настапот, рече дека е задоволна од тоа како ја исполнила планираната програма, но и воопшто од досеgaшаниот успех во својата музичка едукација.

- Оваа година работев под менторство на мојата професорка Симона Марочковска – Манојловска која ми беше голема поддршка. Задоволна сум што имаше толку многу луѓе на кои, се надевам, им се допадна мојата музика и се надевам дека ќе одржувам уште многу вакви концерти. Ова е прв пат да се одржува еден концерт во ресторанот “Амор“ и се надевам дека ќе има уште многу, рече Тиана Јовиќ.

Јовиќ е ученичка во ДМБУЦ “Илија Николовски Луј“ во Скопје, каде ја заврши втората година.

Задоволство од настапот на солистичкиот концерт на својата ученичка изрази и професорката Марочковска Манојловска, која потенцираше дека Јовиќ успешно напредува, за што доказ се многубројните награди.

- Супер талентирана, многу вредна, тоа што ќе се каже веднаш се сработува, ако не истиот ден тогаш утредента како домашна задача. Успеси имавме огромни оваа година, бевме на повеќе натпревари, први награди, втори награди имавме, единствено една пофалница, другото беа речиси први награди наредени. Сите беа меѓународни натпревари, само на еден државен бевме и така, јас сум презадоволна, рече Симона Марочковска – Манојловска, професор.

Настапот на Тиана Јовиќ на нејзиниот втор солистички концерт во Кочани се реализираше во пијано-соработка со Ивана Јанакиевска од Кавадарци,  студентка на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Т. Ајтовски

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: NE при 9 kmh
Среда4°C/13°C
Четврток2°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 87 гости и нема членови


web counter



qr code