Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

stado kozi29.06.2016  Надворешната канцеларија за криминални работи - Кочани поднесе кривична пријава против 45-годишниот А.Н. од селото Таринци во општина Карбинци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „самовластие“ и дополнително кривично дело „спречување на докажување“.

На 31 мај годинава на м.в. „Црквен Рид“ во атарот на село Бурилчево, додека 63-годишниот В.С. од Бурилчево го напасувал стадото кози, пријавениот со уште четири непознати лица дошол на наведеното место и со метален предмет го удрил сточарот во пределот на грбот.

Потоа го турнал на земја и му упатил сериозни закани дека ќе посегне по неговиот живот и тело доколку не му ги даде козите.

По физичкиот напад заедно со останатите четири непознати лица му одзеле 40 кози и ги однеле во правец на селото Аргулица во општина Карбинци. Освен тоа, пријавениот направил уште еден кривичен престап со тоа што на неутврден датум, со намера да го спречи или отежне докажувањето на кражбата, ги отстранил и уништил ушните маркици од 34 кози.

По пријавувањето на настанот и расветлувањето на случајот од страна на полицијата, 45-годишникот од Тарицни ќе мора својата постапка да ја објаснува во Јавното обвинителство.

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: WNW при 4 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток-1°C/12°C
Петок1°C/11°C
Сабота1°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 79 гости и нема членови


web counter



qr code