Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

btb makedonija vinica29.06.2016  БТБ Македонија е името на новиот текстилен капацитет што како странска инвестиција започна да работи во Виница.

Станува збор за фирма која е дел од бугарската компанија БТБ што успешно работи веќе осум години, има повеќе од 1000 вработени и месечно извезува над 100 000 производи за најпознатите модни брендови во светот како што се Comma, St.Oliver, Esprit, Peek &Cloppenburg и други.

Фабриката е лидер за производство на женска облека на пазарот во Бугарија, а менаџерскиот тим на компанијата имал две причини поради кои се решил да вложи свој капитал кај нас.

- Првата причина е тоа што Македонија и Бугарија се многу блиски по својата култура и нема јазична бариера, а втората причина е што Македонија има долга традиција во производство на облека. Во моментот фирмата има 100 вработени, тоа е првата фаза, првиот чекор. Во вториот планираме да вработиме уште 100 луѓе и веќе во понатамошниот развој, каде планираме да ги доведеме сите процеси овде во Македонија, односно да ги копираме процесите од Бугарија во Македонија, исто така ќе се отворат работни места каде што ќе треба да се креира и дизајнира самиот производ и за таа цел, се разбира, ќе ни требаат висококвалификувани работници. Точно од тие причини започнавме со давање работа во македонските фирми за да се создаде една основа, рече Ахим Бајерл, претседател на бордот директори на компанијата БТБ.

Првиот човек на Локалната самоуправа на Виница изрази задоволство од новата инвестиција и вети дека ќе продолжи поодршката за сите кои се заинтересирани да го вложат својот капитал во оваа општина.

- 100 нови вработувања за почеток, уште 100 во следната година, знаеме што значи тоа за нашите граѓани, знаеме што значи секое ново работно место. Како Локална самоуправа ќе продолжиме да ги поддржуваме сите инвеститори кои ќе доаѓаат во нашата општина, и сите, и странски и домашни да имаат ист третман пред институциите, рече Емил Дончев, градоначалник на Општина Виница.

Како што беше нагласено на свеченото отворање, во фабриката во Виница е планирано да се шие облека од прва класа за најголемиот клиент на БТБ – Comma, како и за сопствениот бренд Vayana. Од бугарската компанија рекоа дека таа е ориентирана кон развој на вработените и за таа цел се организираат и посетуваат работилници и обуки, не само за подобрување на личното знаење на работниците, туку и за подобрување на нивните вештини и квалификации.

Т. Ајтовски

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 123 гости и нема членови


web counter



qr code