Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

parking tabli11.07.2016  На првиот работен ден од оваа недела возачите во Кочани затекнаа нови табли со известување дека паркирањето во централното градско подрачкје ќе се наплаќа и со испраќање СМС пораки од мобилен телефон.

Со тоа надлежните во КЈП “Водовод“ го реализираат најавеното модернизирање на досегашната наплата, што сепак за граѓаните ќе значи зголемување на сумата што ќе треба да ја платат за услугата.

Повисоката такса не е во склад со веќе донесената одлука на Советот на Општината според која треба да се плаќаат 10 денари од час, поради што на денешната седнициа имаше реакција за неочекуваната новина.

- Освен десетте денари што ќе се наплаќаат за час, ќе се плаќа една порака од 5,60 за најавување и една порака од 5,60 или 5,80 беше, за одјавување, што значи дека услугата за операторот ќе биде поголема од 10 денари, ќе биде накај 12 денари. Во тој концепт пред 4 месеци го поставив прашањето за да не се оди во таа постапка, за да не дојдеме во ваква ситуација. И сега, кога се решава токму така како што мислев дека не треба да се однесува, ќе барам од Советот да се произнесе, затоа што таа цена ние ја немаме одобрено и не смееме да се однесуваме како ној кој ја пика главата во песок, да не види што се случува наоколу, рече Љупчо Стојилков, член на Советот на Општина Кочани.

Стојилков предложи да се додаде уште една точка на дневниот ред нa седнциата што би се однесувала на тоа да се стопира наплатата на таксата за паркирање со СМС пораки додека да се добие поцелосна информација за постапката. Поддршка на неговиот предлог дојде и од другите советници од опозицијата.

- Доколку почне да се наплаќа тоа ќе биде надвор од одлуката што ја имаме донесено. Само да потсетам, во одлуката стои дека 1 час чини 10 денари, ако во овој момент некој се паркира 50 минути мора да плати 22 денари, заедно со СМС, заедно со таксата што е за паркирање, што е надвор од одлуката. Затоа сметам, и го поддржувам колегата Љупчо Стојилков, дека треба да биде ставена како точка од дневниот ред, рече Ѓорѓи Алексов, член на Советот на Општина Кочани

- Ако нашата цел за седење во оваа сала е да ги застапуваме граѓаните, јас ќе почнам со тоа што кога ја донесовме одлуката за наплата на паркинг простор, сепак со гласовите на мнозинството, тоа беше цена на чинење од 10 денари. Постојано оттогаш апелираме на тоа да ни се даде образложение како работи целата организација на паркинг просторот, делумно се даваат тука информации, а ќе се согласам со колегата Стојилков, дека голем дел од информациите доаѓаат до медиумите, а не до нас советниците, рече Лилјана Арсова, член на Советот на Општина Кочани.

Градоначалникот Димитровски се обиде да ја смири атмосферата со објаснување дека немало покачување на цената за паркирање.

- Со ова што е воведено паркирање на повеќе начини воопшто не е променета цената, значи цената си останува иста и наплатата може да биде на повеќе начини. Стариот систем што беше со вадење пари од џеб и фискална сметка за 10 денари си останува, воведено е за оние што сакаат и за тоа да не губат време воведени се грепки што ги има на неколку продажни места во градот, што исто така чинат 10 денари и третиот начин е со СМС порака што исто чини 10 денари, меѓутоа се наплатува СМС пораката, рече Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

Димитровски не беше убедлив со објаснувањето, на што повторно реагираше советникот Стојилков.

- Токму од оваа говорница двапати бевме излажани во врска со начинот на наплата и начинот на кој се спроведува тендерот за организирање на наплатата со СМС пораки. Пред 4 месеци беше кажано дека цената на чинење на операторот што ќе паѓа, ќе биде од тие 10 денари, денар и нешто дека ќе фаќа, претходната седница беше кажано дека ќе биде симболично нешто над цената од 10 денари, а сега доаѓа дека таа цена ќе биде многу поголема отколку што ќе биде самото паркирање, рече Љупчо Стојилков, член на Советот на Општина Кочани.

- Цената не се зголемува и немојте да ширите дезинформации дека од говорницата се кажуваат лаги. Значи, воопшто нема лага, цената си останува 10 денари за наплата. Начинот на наплата е друга работа, начинот на наплата е сегашниот, значи една варијанта, начинот на наплата е однапред да си го плати со картонче, односно грепка, и начинот на наплата е со СМС порака. Дали се разбираме или намерно не сакаме да се разбереме и тераме, како да речам, на спротивна страна ја тераме водата, рече Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

Советниците од опозицијата не се согласија со објаснувањето на Димитровски, посебно не со начинот на кој тие се вклучени во постапката.

- Она што е кажано од говорница, можеби градоначалникот не бил тука кога се давани одговорите. На мое прашање директорот на јавното комунално претпријатие пред 4-5 месеци, даде еден одговор, на претходната седница даде друг одоговор, сега ова што се случува е трето. Ако не верувате, имате снимки, проверете ги за тоа што е кажано, а не дека не е кажувано вака или онака на говорница, рече Љупчо Стојилков, член на Советот на Општина Кочани.

- Треба да биде целиот процес транспарентен и да го знаеме ние. Вие ни давате сега тука информации што граѓаните можеби веќе на терен ги чувствуваат и ги знаат, а ние како советници овде не сме ги дискутирале и не сме ги имале како материјал, рече Лилјана Арсова, член на Советот на Општина Кочани..

Предлогот на советникот Стојилков во дневниот ред да се вметне точка за запирање на постапката за наплата на паркирањето со СМС пораки не беше прифатена од советниците од владејачкото мнозинство. Тоа беше причина опозицијата да ја напушти седницата, со што понатамошниот нејзин тек имаше само процедурален карактер.

Т. Ајтовски

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: WNW при 4 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток-1°C/12°C
Петок1°C/11°C
Сабота1°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 49 гости и нема членови


web counter



qr code