Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

svajcarska ambasadorka21.07.2016  Владата на Швајацарија дава голема финансиска и техничка поддршка за реализација на проекти за заштита на природата во Источниот регион, вклучувајќи ја и општина Кочани, а целта е да се обезбедат подобри услови за живеење на месното население.

Ова меѓу другото беше речено на работната средба што во Локалната самоуправа на Кочани амбасадорката на Швајцарија, Сибиле Сутер Тејада, ја имаше со градоначалникот Димитровски и неговите соработници.

Првата официјална посета на амбасадорката била на нејзино барање со намера да се запознае со развојните проекти што се финансираат во регионот што прв пат го посетува.

Рече дека пријатно е изненадена од иновативноста на проектите во кои се вложуваат средствата во комуналната инфраструктура, а посебно во земјоделството и производството на органска храна.

- Денеска дознав дека производството на ориз во овој регион е од огромно значење и затоа сум многу задоволна што се обидуваме да помогнеме да се произведе оризот на еден поеколошки начин, што ќе биде попријатен за природата, но и за самиот квалитет на ориз. Тоа значи дека се обидуваме на експериментално поле да се произведе ориз со примена на наводнување “капка по капка“, а тоа значи дека ќе се користи многу помалку вода, многу помалку пестициди, а квалитетот на оризот ќе биде повеќе органски што ќе значи повисока цена на производот, рече Сибиле Сутер Тејада, амбасадор на Швајцарија.

Швајцарската амбасадорка додаде дека се очекува наесен, после жетвата на оризот, да се види дали проектот ќе има позитивни резултати, иако според досегашните анализи тој се покажува како успешен.

Освен за иновативниот начин на производствот на оваа земјоделска култура, на средбата во Локалната самоуправа на Кочани се разговараше и за проектот за изградба на пречистителна станица на отпадни води што го финансира владата на Швајцарија. Исто така, стана збор и за други проекти што се однесуваат на заштитата на животната средина во регионот, како и за поддршката за организирање на проектот “Форуми во заедницата“.

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 126 гости и нема членови


web counter



qr code