Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

policiska stanica kocani22.07.2016  По поднесената кривична пријава од полицијата, Основното јавно обвинителство отворило постапка против осомничено лице од Кочани за случајот за полов напад врз малолетничка.

Бидејќи Обвинителството оценило дека постои опасност од бегство, изречена е мерка притвор во траење од 30 дена.

Осомничениот делото го сторил на 14-ти јули, врз малолетно девојче, кое го принудил на обљуба два пати, во кус временски период со што извршил продолжено кривично дело силување.

Поради стореното дело, Основното јавно обвинителство од Кочани донесе наредба за спроведување истражна постапка против сторителот. Имајќи ја предвид казната за ова кривично дело, која е најмногу 10 години затвор, како и условите дека е можно да го повтори делото, Обвинителството предложи до надлежниот суд определување мерка притвор.

Судот го прифатил решението и на осомничениот му е одредена мерка притвор од 1 месец. По изречената мерка се очекува и судска разрешница на случајот.

М. Божинова

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 13 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 179 гости и нема членови


web counter



qr code