Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

freski pantelejmon22.07.2016  Привршуваат градежните работи за реновирање на внатрешниот дел на манастирот „Св. Пантелејмон” во село Пантелеј.

Во изминатиот период целосно е променет внатрешниот изглед на црковниот објект при што стариот камен под е заменет со нов, мермерен, поставени се и нови древени столбови, а на местото на старите, живописани се нови фрески.

Ова е една поголемите реставрации на манастирот по период од околу 30-тина години.

- Работат, тие што требаше да измачкаат си ја завршија нивната работа, сега почнаа да цртаат, ќе го направат, ќе постигнат и тоа, цртањето не е многу лесно, не е брзо, треба да е квалитетно, уметничко, убаво. Ќе го завршат и тоа, сега ако не можат да стигнат, ќе продолжат по празникот, рече Милка Илиева, домаќинка во манастирот.

Голем број верници имаат нарачано изработка на фрески како нивен дар за манастирот, со што просторот на ѕидовите веќе е исполнет.

За време на претстојниот празник „Св. Пантелејмон”, што се одбележува на 8-ми август, се очекува манастирот да го посетат голем број гости од регионот и пошироко. Дотогаш се очекува градежните активности да бидат привршени и внатрешноста на манастирот да добие нов изглед.

М. Божинова

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/13°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-3°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 73 гости и нема членови


web counter



qr code