Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

poplava bavci27.07.2016  Големи количини вода истекуваат од одводна каналска цевка и се собираат во месноста Копаче, во близина на муслиманските гробишта во Кочани.

Ниту насипот за неизградената железничка пруга не може да ја запре водата, па таа поминува под него и видливо, во голем млаз, извира на спротивната страна.

Сопствениците на бавчи и ниви во околината се жалат дека големата влага и поплавувањето на дел од плодното земјиште им го уништува родот. Велат дека насадите им скапуваат, а се сомневаат дека отпадната вода содржи фекални и други остатоци, со што и она малку што ќе го произведат не смеат да го користат за исхрана.

- Ете, сеното ми е скапано, натаму ниедна нива нема орана, мојата е останата. Лани и полани имав по 1800 до 2000 корени патлиџани, сега нема ништо сеано, на пазарот одам, купувам, како сите и јас. Наместо да дадам јас на пазарот, да биде поевтино, ние го поскапуваме, што да направиме... Па, не е добра состојбата бидејќи имаме влага од водата што иде откај Иљо Рого надолу, и тука е затрупано и има влага, кртичини, не можеме ништо да посееме, се што посееме, се изгори. Најдобрите бавчи, пипер се произведуваше, сега не може од таа вода, хемикалии има во неа, доаѓаат води од канализација и нема ништо, не успева, велат сопственици на бавчите во Копаче.

Поголема група сопственици на бавчи во Копаче се организирале и пред извесно време лично ги посетиле и ги известиле за состојбата одговорните во комуналното претпријатие и во инспекциските служби во Локалната самоуправа, но до сега немало никаква реакција.

- Имам одено до институциите, од оваа вода не можам ништо да извадам од земјоделие, од тоа преживувам, тука сме 70 години, не знам кое е решението. Бев до директорот, бев до иснпекторот, не се најде решение водата да се запре. Имало некој технички проект, слушам, но кога ќе биде тоа да се канализира, немам поим. Ако не се спречи, ова ќе биде сето поплавено, од тука надолу цело поле ќе биде под вода, веќе бара ќе стане целото, додава сопственик на бавча во Копаче.

Сопствениците на земјиштето дознале дека овде се планира да поминува колекторскиот систем за отпадните води од градот, што треба да се гради со помош од швајцарската влада. Апелираат одговорните да ја имаат предвид и оваа вода, за да се собере во цевките и да се спречи натамошното излевање. Се надеваат дека ќе наидат на позитивен одговор и дека така ќе ги спасат бавчите и посевите од уништување и од претворање на плодните површини во мочуриште.

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/14°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 87 гости и нема членови


web counter



qr code