Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Kruzen-Tek321.08.2013   Протестираа и потпишаа петиција со која се против узурпација на просторот пред зградата.

Станарите од зградата на „Бетон“ тврдат дека просторот го откупувале неколкупати и дека не може сега да се гради и да се користи како јавна површина.

- Ни кажуваат дека ќе се прави кружен тек на крстосницата. Ние не сме против кружниот тек, но против сме да ни го зафатат паркингот и дворното место на зградата. Сакаат да градат бетонски ѕид висок 1,5 метри кој ќе биде само два метри оддалечен од нашите тераси. Па, проценете сами каде ние ќе поминуваме. Јас мислам дека паркингот им е доволен да изградат кружен тек, не треба да ни го узурпираат дворот на зградата, рече Виолета Манушева, станар.

Меѓу другото станарите потенцираат дека не добиле решение за градба пред нивните станови. Рушењето на просторот пред зградата го забележале утрово кога се разбудиле.

- Ние немаме никакво решение што  е планирано да се гради  тука. Ниту сме известени за активностите што се планирани. Бидејќи ова е наш двор имаме право и на адвокат и на жалба па според одлука на судот дури тогаш можеме да разговараме и да дозволиме да се гради, рече Николчо Иванов, станар.

- Во  оваа зграда живеат 45 фамилии. Тоа е едно цело село. Се грееме на дрва. Ако вака продолжат да градат како што планираат нема каде да ги оставаме дрвата.  Не даваме да се гради ништо додека не добиеме правосилно решение за градба. Ние ова место сме го платиле при купување на становите и неможе така лесно да ни биде одземено, рече Кирил Симеонов, станар.

- Моментално сакаме ова да се стопира. Додека не добиеме правосилна судска одлука нема да дозволиме да рушат, рече Тодор Таушанов, станар.

Одговорното лице во Општината, Александар Гицов рече дека усно ги известил станарите за тоа што е планирано да се гради, а за писмено известување или судско решение за градба како што бараат тие, Општината не била обврзана да даде, затоа што тој простор не бил приватен на станарите, туку станува збор за јавна прометна површина што е под ингеренција на Локалната самоуправа.

Тој додаде дека целта е уредување на просторот и регулирање на сообраќајниот метеж на најфреквентното место во градот на крстосницата од улиците „Тодосија Паунов“ и „Никола Карев“ со изградба на кружен тек. Паркинг за автомобилите на станарите е предвидено во планот, само ќе биде поместен за неколку метри до зградата. Ако имале станарите потреба да се жалат или детално да бидат запознаени со урбанистичкиот план, Гицов побара да не разговараат сите станари истовремено, туку да формираат правно лице кое ќе ги застапува и дури тогаш тој ќе им даде целосно објаснување за новото сообраќајно решение.

На изведувачите од фирмата “Стоименов“ станарите не им дозволија да ги извршуваат работите. Затоа надлежните од Општината побараа помош и асистенција од полицијата, со што работата продолжи непречено.

Станарите пак, повикаа адвокат кој рече дека ќе го разгледа случајот. До тогаш екипата на “Стоименов“ ќе работи на терен и ќе ги извршува започнатите работи.

Т. Велкова

Сподели

Kruzen-Tek1Kruzen-Tek2Kruzen-Tek4Kruzen-Tek5Kruzen-Tok5

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 86 гости и нема членови


web counter



qr code