Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

MOST ZRNOVCI28.07.2016  Помина најавениот рок за почетокот на јуни во кој требаше да започне изградбата на мостот на Брегалница кон Зрновци, но на терен нема никакви активности.

Градежното претпријатие “Гранит“ од Скопје, кое на тендерската постапка беше избрано за изведувач на работите, се уште не ја донело потребната механизација и работна сила за да ја реализира поставената задача. Со неа се предвидува постојниот мост, што беше оштетен од поплавите во почетокот на 2015 година, да се сруши и на негово место да се изгради нов.

Такво решение беше донесено откако техничките испитувања што ги направи стручна екипа од Градежниот факултет во Скопје покажаа дека не можат да се задоволат стандардите за безбедност доколку би се направила реконструкција на оштетениот мост.

 

Градоначалникот на Зрновци, Блаже Станков, во јануари годинава најави дека почетокот на градежните работи треба да се очекува за кратко време, но во меѓувреме рокот е пробиен, што било од технички причини.

- Заврши оптималниот рок во кој требаше да започнат со работите, тоа беше 15 јули. Јас се надевам дека во најскоро време ќе започнат со работа, овде сакам да потенцирам дека рокот се помести од причина што е предвидено да се постави понтонски мост на самата река, за да можат граѓаните на општина Зрновци да не патуваат преку Виница како алтернатива. Навистина јас неколку пати имав најавено дека крајот на мај, почетокот на јуни ќе се започне, меѓутоа тогаш испадна дека е можно да се добијат овие средства и да се постави тој понтонски мост, рече Блаже Станков, градоначалник на Општина Зрновци.

За изградба на новиот мост е изготвена потребната техничко-планска документација, според која конструкцијата на објектот е специфична со оглед што се наоѓа на локација подложна на ерозивно дејство и со можност за доток на вода над вообичаеното ниво.

Предвидено е да се добие сообраќајно решение преку Брегалница со должина од 100 и широчина од 7 метри.

- Според динамичкиот план се очекува мостот, откако ќе биде започнат, да биде изграден за една година. Јас се надевам на пократок рок, а тоа зависи повеќе и од самата фирма, а и од временските прилики, какви ќе бидат во текот на зимата. Овде се работи за инвестиција од 1 милион и 200 илјади евра, средствата се обезбедени преку УНДП, преку ИПА програмата од европските фондови која што ни додели средства како отштета од поплавите, додаде Станков.

Мостот кон Зрновци беше оштетен од надојдените води на Брегалница во февруари минатата година и стана небезбеден за сообраќај. Поради тоа веднаш беше затворен за поминување на автобуси и тешки товарни возила, а сообраќајно предупредување за зголемено внимание беше поставено за возачите на автомобили кои продолжија да го користат.

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 71 гости и нема членови


web counter



qr code