Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

fk ciflik03.08.2016  Во исцрпувачки и до крај неизвесен натпревар екипата на “Чифлик“ стана овогодишен победник на фудбалскиот турнир на 44. Илинденски спортски игри во Чешиново.

Упорноста и истрајноста им помогна на чифличани да дојдат до титулата, иако нивниот противник “Соколарци“ во текот на поголемиот дел од финалниот натпревар беше во водство.

На соколарчани не им вредеше ниту високото водство од 3:0, резултат со кој заврши првото полувреме.

Иако никој не се сомневаше дека развојот на играта ќе добие сосема друг правец, во второто полувреме тие попуштија, примија три гола и на крајот останаа да жалат за пропуштената можност да ги освојат наградата и пехарот на игрите.

Надмоќноста на “Соколарци“ во првиот дел беше очигледна и екипата многу лесно дојде до водството од 3:0. Таквиот резултат ги шокираше фудбалерите на “Чифлик“, па тие беа во ситуација да се спасуваат од повисок пораз. Сепак, на петнаесетина минути до крајот на средбата успеаја да постигнат гол и да го намалат водството на противникот.

За натамошниот пад во играта на “Соколарци“ значајно влијание имаше тоа што екипата остана со играч помалку, а беше направена и измена на голманското место, по што за само пет минути чифличани успеаја да постигнат уште два гола, со што го изедначија резултатот.

Изведувањето пенали беше нова шанса за “Чифлик“ да направи пресврт, во што и успеа. Од пет удари кон голот, четири завршија во мрежата на противникот. Фудбалерите на “Соколарци“ пак, се уште депримирани од резултатот во регуларниот дел, кај ударите од седум метри шутираа над голот и во стативата, па постигнаа само два погодока. Со тоа крајниот резултат беше 4:2, што беше повод за голема радост и славје кај чифличани кои во претходните натпревари на турнирот покажаа добра игра и заслужено се најдоа во финалето.

- После добрата игра на “Соколарци“ и трите гола, успеавме да изедначиме и на пенали да победиме. Тој што не се надева, тој не победува, рече Дарко Стефанов од ФК “Чифлик“.

Од Локалната самоуправа на Чешиново-Облешево, која е покровител на Илинденските спортски игри, искажаа задовoлство од организацијата, со очекување за поголема масовност за догодина.

- Оваа година имавме екиои и од други општини со што турнирот доби регионален карактер, така што за догодина очекуваме дека ќе имаме поголем интерес, рече Катерина Постолова од Општина Чешиново-Облешево.

На најдобрите екипи и поединци на фудбалскиот турнир им беа врачени пехари и признанија за учеството и постигнатиот успех. Освен тоа, се одржа и ревијален турнир во шах на кој учествуваа четири екипи, а најдобрите исто така беа наградени.

T. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 81 гости и нема членови


web counter



qr code