Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

cesma bez voda08.08.2016  Суви останаа чешмите од градската водоводна мрежа во Кочани во поголемиот дел од изминатото деноноќие поради прекинот во снабдувањето со струја на пумпите во бунарскиот систем кај Грдовци.

Удар од гром што директно го погодил далекуводот до трансформатор во Грдовски орман предизвикал оштетување на инсталацијата. Поради немањето електрична енергија невозможно било испумпувањето на потребните количини вода до резервоарите во филтер станицата, а оттаму и до крајните корисници.

Во текот на претпладнето екипи на КЈП “Водовод“ и ЕВН Македонија направиле детална контрола на линијата од трафостаницата во Кочани до трансформаторот кај Грдовци, при што дефектот бил лоциран.

- Ноќеска имавме испад поради прекинот во испораката на електрична енергија. Од атмосферските празнења имаше дефект на високонапонскиот далекувод кој води до препумпната станица на старата филтер станица и до Фабриката за вода. Прекинот траеше од ноќните часови во претходното деноноќие до денеска околу 11 часот, кога беше отстрането и системот повтрно беше ставен во употреба. Ќе треба малку повеќе време за да се стабилизира системот, да се наполни со доволнио количини вода, да се наполнат резервоарите, да се испразнат воздушните џебови во целокупната мрежа и да се стабилизира водоснабдувањето на територијата на општина Кочани, рече Љупчо Папазов, директор на КЈП “Водовод“.

Папазов упати извинување до граѓаните за прекинот и истовремено се заблагодари за разбиорањето што го имале поради објективните проблеми со кои се соочило претпријатието. Според него, по три години ова е прв подолготраен прекин во водоснабдувањето на граѓаните во целата општина. Сличен застој имаше во 2013 година кога се правеше префрлањето на снабдувањето на Фабриката за вода од стариот на новиот потисен цевковод.

За сега не се размислувало за алтернативно, односно двојно снабдување со електрична енергија на бунарскиот систем од друг далекувод за да се избегнат слични прекини. Според првиот човек на “Водовод“, неопходно е претходно да се направи анализа на економската исплатливост на таквата инвестиција, односно да се види дали можеби набавката на агрегат за електрична енергија би можел да ги покрие евентуалните застои во снабдувањето со струја од мрежата на ЕВН.

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/14°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 287 гости и нема членови


web counter



qr code