Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

steti zemjodelstvo23.08.2016  Големи штети има кај земјоделските посеви од невремето проследено со силен град и дожд што во понделникот попладне ги зафати атарите на неколку села во општина Чешиново-Облешево.

Неполн половина час, колку што траеле обилните врнежи, било доволно за да се изгуби дел од планираниот род, посебно кај оризот. Оштетувања има и кај пченката, како и кај скоро сите градинарски култури.

Сликата на теренот покажува дека стихијата удрила немилосрдно, оставајќи зад себе пустош и искршени стебла на растенијата. Земјоделците од Облешево рекоа дека претрпеле големо невреме, што освен штетитите на земјоделските површини за среќа не предизвикало поголеми проблеми во населените места.

Од изутрината излегле на терен за да видат што останало неоштетено од градот.

- 60 до 70 посто има опфатено од градот, сето тоа е паднато, класот е уништен и 60-70 посто од бериќетот е отиден. Токму кога класаше, има од тие што се побрзите сорти, беа залебиле веќе и на тие е поголема штетата... Се што работиме цело време за 15 минути градот го уништи, да речеме 50-60 проценти е уништено по мое мислење, па ќе нема фајде каде што фатил градот. Оризот е токму сега во клас, оризот е најоштетен, секаде каде фатило тоа. Дојде откај Бања некаде и овој дел кај Спанечво каде што фати се штета направи, рекоа земјоделци од Облешево.

Земјоделците велат дека тешко дека ќе може да се надомести штетата, затоа што градот ги погодил земјоделските култури во најнеповолен момент од нивната вегетација.

- Тие штети тешко ќе можат да се надоместат со додатни ѓубрива или прскање, тешко, доцна е, сите култури се во завршна фаза или главно развивање и не можат да се надоместат тие штети... Сабајле дојдовме во Облешево на пазар, пченката и оризот каде што фатил градот ги оштетил. Треба да пријават штета од временски непогоди, рекоа земјоделци од Облешево и Соколарци.

Земјоделците од Облешево рекоа дека за сега никој не дошол да ги праша за претрпената штета. Сепак, самоинцијативно ќе пријават во подрачната единица на Министерството за земјоделство, во надеж дека можеби ќе добијат извесно обештетување, како надоместок за веќе загубените приноси. Не знаат дали државата ќе им излезе пресрет на барањата, но сметаат дека заслужуваат да добијат некаква помош.

За висината на направената штета допрва ќе дознаат кога ќе дојде на ред собирањето на родот, а посебно по жетвата на оризот.

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: WNW при 4 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток-1°C/12°C
Петок1°C/11°C
Сабота1°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 70 гости и нема членови


web counter



qr code