23.08.2016 Хуманитарна забава за помош за Методи Митев од Кочани организираат млади лица со цел да му помогнат на нивниот сограѓанин да ја собере потребната сума пари што му е неопходна за лекување во Кина. Забавата ќе се одржи в четврток на полноќ во дискотеката „Баракуда“ во Виница.
- Организираме хуманитарна забава со цел да му помогнеме на нашиот сограѓанин Методи Митев. Ги повикуваме сите граѓани кои можат да дојдат на забавата, а влезницата е по симболична цена од 50 денари, рече Бојан Јаневски, организатор на хуманитарната забава.
Задолжени за забавата ќе бидат двајца ди џеји кои ќе ги забавуваат присутните, а ќе бидат поставени и штандови за помош на Митев.
33-годишниот Методи Митев од Кочани и е познат на јавноста со молбата за помош упатена кон сите хумани граѓани за донација да може да ги собере потребните 28 илјади евра наменети за неопходната операција во Кина што треба да му овозможи повторно да застане на нозе.
Митев истакнува дека собирањето на средствата за операција му оди доста бавно а напредувањето на болеста се одвива брзо. Досега има собрано околу 13 илјади евра. И понатаму упатува апел до сите хумани граѓани доколку се во можност да му помогнат во намерата повторно да биде нормален човек и да застане на нозе.
Т. Велкова
©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.