Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

obikolnica kocani24.08.2016  Јавното претпријатие за државни патишта до крајот на 2017 година ќе изработи проектна документација за рехабилитација на обиколницата околу Кочани како дел од магистралниот пат А3. Со неа се очекува да се добијат детални податоци за целосна реконструкција на асфалтниот слој во должина од околу 6 километри.

На оваа делница што се градеше кон крајот на 80-те и почетокот на 90-те години, од нејзиното завршување до сега немало никава посериозна градежна интервенција, освен редовното пополнување на ударните дупки.

Во меѓувреме, поради специфичноста на земјиштето во близина на оризовите ниви низ кои поминува обиколницата, асфалтот на повеќе места е распукнат, а по целата должина има нерамнини поради што возењето е небезбедно. Сепак, за практично отпочнување на градежните работите на терен најверојатно ќе се почека до 2018 година, откако ќе се добие проектната документација.

Заедно со изработката на техничкиот проект за реконструкцијата на обиколницата околу Кочани, од ЈП за државни патишпта најавуваат дека во пан е санација уште на две делници во источниот дел од државата – регионалниот пат од Крупиште до Пробиштип, како и од Куманово до крстосницата кај село Страцин. За изработка на сите проекти се предвидени над 25.330.000 денари, а ангажирани се Градежниот институт - Македонија и италијанската фирма IRD Engineering Srl.

По подготовката на проектната документација, од Јавното претпријатие за државни патишта ќе продолжат со распишување на тендерска постапка за избор на градежни фирми што ќе ги рехабилитираат делниците од овие три патни правци.

Во меѓувреме, на Пониква започна асфалтирањето на улицата што води од паркингот кон викенд-куќите во планинскиот рекреативен центар. Се работи за сообраќајница долга 1200 и широка 4,5 метри, чие комплетирање ќе чини над 8 милиони и 712 илјади денари. Освен оваа делница ќе се асфалтира и првиот дел од патот од Полаки до Пониква во должина од 1075 метри и широќина пд 4 метри, за што ќе се потрошат над 7 милиони и 800 илјади денари.

Средствата и за двете сообраќајнци се добиени од Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој.

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 20 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/13°C
Сабота2°C/12°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 90 гости и нема членови


web counter



qr code