Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

bunar kovac24.08.2016  Привршуваат градежните работи за реконструкција на стариот бунар на улицата ,,Браќа Ставреви” во Кочани.

По подолг период објектот ќе добие нов лик и ќе се врати сјајот на бунарот што пред многу децении бил еден од главните извори за снабдување со вода за пиење. Со оглед што долги години не се користеше, бунарот беше руиниран и оштетен, иако има своја историска вредност.

Најпрвин граѓаните што живеат во близина, по своја иницијатива започнаа со реконструкција, додека Локалната самоуправа распишуваше тендер за изведувач на градежните работи.

- Иницијативата на граѓаните од овој дел на градот која беше препратена, и преку одлука на Советот, Општината направи напори да подготвиме и да споредиме некои постари слики со ситуацијата и локацијата на местото каде што се наоѓаме. Така, направивме напор малку да го потсредиме ова катче, од една страна да подобриме движењето на пешаците, а од друга страна да го подобриме и окружувањето на бунарот. Околу бунарот секој пат имало и пумпа, таа е задржана како што е затекната, бидејќи еден период подобро функционираше пумпата отколку бунарот, рече Александар Гицов од Секторот за урбанизам на Општина Кочани.

Бунарот пред некогашната работилница на Ефтим Ковачот побудува спомени кај постарите генерации што живеат во овој дел на градот, а со неговата реконструкција ќе добие нов автентичен изглед и ќе се зачува неговата вредност.

Изведувач на градежните работи е фирмата ,,Боно-интер градба” од Штип со средства обезбедени од буџетот на Општината. Се очекува реконструкцијата да заврши деновиве, при што се користи цврст градежен материјал за ѕидовите и покривот на бунарот.

М. Божинова

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/14°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 78 гости и нема членови


web counter



qr code