Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kukicka podlog24.08.2016  Патничко моторно возило марка лада рива со кочански регистерски ознаки завршило во бетонската куќичка на ЈП “Македонија пат“ за да избегне директен судир кај месноста Подлошка крстосница на магистралниот пат А3.

Сообраќајната несреќа се случила во вторникот околу 20,30 часот кога малолетниот 16-годишен возач на ладата, што се движела во правец на Штип, наводно се обидел да сврти во десно за да не удри во друго возило што му го попречило правецот на движење.

Од ударот во објектот тој се здобил со телесни повреди, а возилото било тешко оштетено поради што морале да интервенираат и пожарникарите за да го извлечат.

На местото на несреќата и претпладнето беа видливи траги од кочење и остатоци од оштетениот автомобил, а од ударот целосно е срушена бетонската куќичка. Увидот на сообраќајната полиција треба да помогне во расчистувањето на причините за несреќата.

Инаку, оваа делница се смета за вискоризична и е позната црна точка на која досега се случиле поголем број несреќи со сериозни последици, па дури и со човечки жртви. Најчести причини за несреќите се невнимателно излегување на коловозот од споредните патишта и движењето на земјоделската механзиација.

Токму за безбедноста на локацијата стана збор и на последниот состанок на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на кој беше речено дека треба да се направи промена на сообраќајната сигнализација, односно брзината на движење од 80 да се намали на 60 километри на час.

Сепак, за целосно решавање на проблемот со големата фреквенција на возила  од сите четири страни ќе треба да се почека на изградбата на кружниот тек што се најавува уште од пред пет години, а што би бил дел од новиот експресен пат Штип - Кочани.

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 141 гости и нема членови


web counter



qr code