Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

izlez vinica berovo26.08.2016  Во период од само 12 часа во два одделни случаи полицските службенции од регионот излегуваа на увид за утврдување смрт кај две лица од Кочани и Виница.

Во првиот случај се работи за сообраќајна несреќа со смртни последици што се случила на излезот од Виница во близина на иднустриската зона. На местото на несреќата се уште можеа да се забележат траги од крв и ознаки од извршениот увид од надлежните органи. Од полицијата го потврдија случајот и рекоа дека се преземаат мерки за негово расчистување.

- Утрово во 6,40 часот на регионалниот пат кон Берово во месноста Говедарски пат, атар на Виница, се случила сообраќајна незгода меѓу товарно моторно возило пежо боксер, управувано од 41 годишен возач од Кочани и велосипед управуван од 71-годишно лице од Виница. Во незгодата животот го загубил велосипедистот. Увид извршил јавен обвинител и екипа од полициски службеници од ПС – Виница. Причините за незгодата дополнително ќе бидат утврдени, рече Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.

Во четвртокот пак, околу 17,30 часот на локалниот пат од Кочани кон планинскиот центар Пониква, во атарот на село Лешки, во неговото патничко моторно возило „пежо 406“ со штипски регистарски ознаки, пронајден е починат 63-годишниот Ј.П. од Кочани.

Смртта била констатирана од  доктор на Итната медицинска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица - Кочани, која не соопштува детали за околностите под кои настапила смртта.

Подоцна по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 162 гости и нема членови


web counter



qr code