Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

parkiranje kej na revolucija29.08.2016  Само една недела траеше дилемата дали во Кочани од 1 октомври ќе има проширување на местата за кои Општината ќе наплаќа надомест за паркирање.

Откако ја достави предлог-одлуката за разгледување во Советот, градоначалникот Димитровски во текот на претпладнето ги извести членовите на Комисиите за комунални рабои и за сообраќај дека истата ја повлекува. Со тоа уште пред да започне расправатаза тоа дали ваквата постапка е оправдана или не, дилемата ќе остане неразрешена.

Информацијата за повлекување на одлуката ја пренесе секретарот на Општината, Петар Апостолов, на Комисијата за комунални работи, без детално образложение за причините.

Сепак, меѓу членовите на Комисијата можеа да се слушнат неофицијални коментари дека најверојатно првиот човек на Општината претходно не обезбедил доволен број гласови од владејачкото мнозинство поради што може да се случи на седницата закажана за в среда да се повтори сликата од пред два месеци, кога истата одлуката не доби поддршка од Советот и беше отфрлена. Тогаш тој се правдаше дека било оценето оти со проширувањето на опфатот ќе се направел ред во хаосот во сообраќајот.

Дали Димитровски сега ќе чека трета среќа за повторно да го понуди истиот предлог на разгледување засега е непознато. Сепак, очигледно е дека се работи за потег што најверојатно во партијата на власт е оценет како непопуларен и може да донесе негативни поени пред претстојните избори.

Инаку, со одлуката што ја достави градоначалникот се предлага освен на улиците каде до сега се плаќаше паркирањето, на возачите да им биде наметната истата давачка и за просторот на градскиот плоштад “Методија Андонов Ченто“, како и на улицата “Кеј на Револуцијата“ од аптеката “Зегин“ до паркот кај Старата зграда, потоа на паркингот кај Паркот на Револуцијата, паркингот кај Централниот регистар и просторот кај службениот влез на “Македонска пошта“.

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 20 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/13°C
Сабота2°C/12°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 82 гости и нема членови


web counter



qr code