Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

geotermalna voda istibanja129.08.2016  Од четирите извори на геотермална вода кај селото Истибања, кои се со капацитет од околу 100 литри во секунда, во текот на летото ниту еден не се користи за намената за која е издадена концесијата.

Водата со температура од околу 70 степени Целзиусoви, преку постојните испусти, слободно истекува во реката Брегалница, со оглед што во овој период од годината не е потребна за загревање на оранжерискиот комплекс.

Граѓаните со право реагираат дека природниот ресурс се троши бескорисно, наместо да се дозволи да се користи и за други потреби, пред се бањско–рекреативни.

Потенцијали за тоа има, постојат и изградени објекти со базени, како што се оние во комплексот “Шагал“, лоциран на патот Кочани – Виница. Неговиот сопственик јавно прашува зошто благодетот од геотермалната вода, како заедничко богатство, не можат да ја користат сите граѓани кои се заинтересирани за тоа.

- Водата која што тече во реката Брегалница, сега, кажав, е 50 литри во секунда, со температура од 70 степени и никој не го интересира. Денеска имаше инспекција од Скопје која кажа дека таа не е надлежна за тоа што водата тече во реката, туку била надлежна само за тоа дали имаат или не концесија. Јас имам инвестиција од милион евра и оваа банда требаше да ми даде вода, овие криминалци, се беше договорено, пред луѓе ветено, не сакаа да потпишат договор и мафијашите не сакаа да ми дадат вода, мислат да ме уништат, всушност сакаат да ми го купат хотелот за никакви пари, рече Петар Ангелов, сопственик на хотелот “Шагал“.

Комплексот од базени на Ангелов во моментот стои неискористен, бидејќи нема топла вода како што претходно било планирано и договорено. Тој вели дека дури и во зима, во текот на грејната сезона, геотермалната вода нерационално се искористува, поради што барал преиспитување на договорот за концесија што државата го склучила со сегашниот корисник.

- Никој не презема ништо, водата ја пуштаат во реката Брегалница, од другата страна, поточно кај “Пролетер“, во оризите. И во зима можете да видите поплава и испарува, а за народот таа вода е благодет, да се направат термални бањи, луѓето да се лекуваат, да не одат во Бугарија, во Сандански, во Банско, во Струмица. Значи, овој народ треба да се свести, да се погледне во огледало и самиот да каже, со кого си има работа, со оваа банда криминална, додава Ангелов.

Инаку, цевководот за топла вода од изворите кај Истибања во текот на минатогодишните поплави беше оштетен и дел од носачите се искорнати од своите темели. До сега немало никаков зафат за санација, со оглед што протокот на вода не е прекинат. Сепак, евентуалното повторување на стихијата би можело целосно да го однесе цевководот што поминува во непосредна близина на реката Брегалница.

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 155 гости и нема членови


web counter



qr code