Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

geotermalna voda istibanja30.08.2016  Два од четирите извори на геотермална вода кај Истибања во моментот не се користат поради технички проблеми, а количините од околу 50-тина литри во секунда се недоволни за потребите на оранжерискиот комплекс на земјоделскиот комбинат “Брегалница“.

Од фирмата “Еко Оаза Самандов“ од Штип, која е носител нма конесионерската дозвола за користење на топлата вода, ги демантираат наводите објавени во реакцијата на сопственикот н ахотелот “Шагал“ дека трошењето на природниот ресурс е недомаќинско.

Според директорот на “Еко Оаза Самандов“ количините вода што во моментот се користат за оранжериите не биле доволни.

- Таа вода со капацитетот од четирите извори задоволува загревање на стакленици околу 2 хектари на температура до -5 степени, а ние имаме 12 хектари, а со таа вода можат да се загреат 2 хектари. Можат да проверат и инспекциските органи дека купуваме мазут, водата ја догреваме и грееме котли на мазут во зимниот период кога имаме потреба. Значи, ние немаме вода за загревање на нашите оранжерии, а не пак да даваме за рекреативно, спортско, бањско лекувалиште. Не знам дали Петар Ангелов има три вработени, ние имаме 330 вработени, тоа е едната работа, а за водата, да се запрашаме дали на човекот побитно му е производство на храната или рекреацијата, рече Ѓорѓи Самандов, директор на “Еко Оаза Самандов“ – Штип.

Дополнително, Самандов потврдува дека во понеделникот претпладне имало инспекциска контрола на изворите на геотермална вода кај Истибања за начинот на користење на концесиската дозвола. Негативни забелешки од инспекторите немало, а за причините што водата истекува во Брегалница, вели дека се работи за технички проблем поради дефект на пумпите, што дошло како резултат на минатогодишните поплави и оштетувања на цевководот.

- Ние кога ги вклучивме пумпите од претпоследниот и последниот извор, водата не можеше да помине низ сплеснатите цевки и две пумпи ни изгореа, па пумпата е на поправка, треба од 3 до 5 дена да биде готова. Значи, кога нема пумпа, затоа водата вчера истекуваше во реката, тоа е точно и вистинито, а кога има пумпа, вода никогаш не истекува во реката. Зошто не истекува? Кога нема грејна сезона ние на тие 12 хектари оранжерии во Виница правиме соларизација со сончева енергија, ние сме пример и први во Македонија што правиме дезинфекција на почвата со сончева енергија, ставаме фолија за соларизација и под фолијата има систем капка по капка во кој оди топла вода од геотермалната вода и вршиме дезинфекција на почвата, со топла вода и сончева енергија. Значи, ние топла вода користиме и во летниот и во зимскиот период и се знаат фактурите што го плаќаме на надлежните министерства, додава Самандов.

Самандов ги отфрла наводите дека неговата фирма се однесува недомаќински во трошењето на геотермалната вода, за што потврда се позитивните оценки од надлежните државни инспекциски органи.

Негова оценка е дека на сопстевникот на хотелот “Шагал“ економски поисплатливо му е базените и другите ресурси за рекреација во објектот да ги снабдува со топла вода од системот на “Геотерма“ од Кочани, со оглед што оддалеченоста од овој цевководот што е донесен до поранешната фабрика за хартија е помала отколку откај Истибања. Истовремено, овој систем располага и со далеку поголем капацитет за снабдување.

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 55 гости и нема членови


web counter



qr code