Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ucenici ucilnica14.09.2016  Над 1,5 милион евра достигнаа долговите на училиштата во општина Кочани до крајот на првата половина на оваа година, но целата состојба е уште посериозна поради сознанието дека тие и понатаму продолжуваат да растат.

За сега нема изгледи образовните институции лесно и брзо да се извлечат од должничката спирала во која се западнати, што претставува закана за нормалното реализирање на нивната основна дејност.

Истовремено, нивните долгови се директен проблем и за буџетот на Локалната самоуправа која е надлежна за основното и средното образование во општината.

Од буџетската сметка ни приближно не би можела да се издвои толкава сума за да се покријат долговите што се трупаат неколку години наназад, па се поизвесна станува дилемата дали се заканува блокирање на општинската сметка и нејзино банкротирање. Затоа, сосема логично и оправдано е прашањето поставено до првиот човек на локалната власт на последната седница на Советот на Општина Кочани.

- Дали има изготвено некој план или санациона програма со која се бара начин како да се решат овие проблеми што ги имаме, и доколку има такво нешто да ни се презентира и кои конкретни чекори се преземаат за ваквиот несакан проблем да биде спречен за да не ескалира многу повеќе или пак тоа ќе дојде на наредната Локална самоуправа која ќе дојде, таму во април, рече Љупчо Стојилков, член на Советот на Општина Кочани.

Наместо оптимизам за излез од состојбата, градоначалникот Димитровски призна дека нема одговор и решение како да се покријат огромните долгови на училиштата.

- Најтешкото прашање е на советникот Љупчо Стојилков, долговите на училиштата и дали има санациона програма. Санациона програма – не, заради тоа што на Општината и е наметната една давачка која што, според мене, не е општинска давачка. Знаете како се креира буџетот, знаете како се прават буџетите на основните училишта, без обѕир што тука сакаме да се покажеме сите дека се грижиме, Министерството за образование и наука има обврска да ги зголеми блок дотациите за превозот. Тие се зголемени од кога се воведе задолжителниот превоз во средното образование, зголемени се за мошне мал износ. Континуирано разговараме со Министерството за образование, бараме решение и решение секако ќе се најде, рече Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

Димитровски дополни дека и покрај огромните долгови за превоз на учениците Општината немало да дозволи тоа да биде причина да не се реализира наставниот процес во училиштата.

Сепак, и покрај неговото оправдување дека не станува за директна обврска на Локалната самоуправа, факт е дека училиштата се ноѓаат на територијата на Општина Кочани и таа е надлежна за нивното работење, поради што не може целосно да се отфрли одговорноста за финансиската заглавеност на образовните институции.

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 108 гости и нема членови


web counter



qr code