Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Sudenje

04.06.2013  На шестото продолжение од главниот судски претрес против поранешните раководни луѓе на кочанската Полициска станица, постапката беше вратена од почеток. На такво решение се одлучи Судскиот совет поради новото обвинение против екс-командирот Ванчо Тодоровски дека направил злоупотреба на службената должност.

Советот со кој претседава судијата Јаким Илиев донесе решение двете обвиненија да се спојат и против обвинетиот да се води единствена судска постапка. Истовремено продолжи постапката и против неговиот помошник Санде Стојменов кој, освен за злоупотребата на должност, се товари и за изнудување пари.

Во новото обвинение против Тодоровски стои дека Внатрешната контрола во МВР открила незаконска, односно поголема исплата на надоместоци за дел од полициските службеници кои биле ангажирани на прекувремена работа или по други основи. На тој начин го оштетил буџетот на државата за над 88 илјади денари.

Во својата одбрана пред судот обвинетиот рече дека тој не можел да наредува исплати на надоместоци затоа што евиденцијата за прекувременото ангажирање на полицајците ја водел неговиот помошник и други полициски службеници. Застапникот на државното правобранителство остана на наводите во обвинението и побара Судот да донесе пресуда Тодоровски да ги врати исплатените пари заедно со каматата.

Претресот продолжи по првото обвинение против двајцата поранешни први полицајци при што беа сослушани четири полициски службеници во улога на сведоци. Тие изјавија дека остануваат на изјавите дадени во текот на истрагата, при што еден од полицајците рече дека од Тодоровски добивал сугестии како да постапува во случаи кога имало пријави од граѓани. Останатите рекоа дека тие сами или други полициски служебници кои го работеле на одреден случај одлучувале дали ќе изготват записник за прекршочна или кривична пријава, или пак ќе го третираат како обична поплака.

Обвинението ги товари Тодоровски и Стојменов за злоупотреба на службената должност и овластувањата, но и за изнудување пари, односно дека на своите подредени им давале насоки и наредби при пријавување на настани во Полициската станица без оглед за каков случај се работи да изготвуваат само пријава за примена поплака. Претресот продолжува идниот месец со сослушување на оштетени граѓани и нови сведоци.

Т. Ајтовски

Сподели

Sudenje-2Sudenje-3

Sudenje-1

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 50 гости и нема членови


web counter



qr code