Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

lekari opsto16.09.2016  Заврши распишаниот оглас за вработување на уште шест лица во Општа болница - Кочани. Станува збор за двајца лекари кои ќе бидат упатени на специјализација, со предност на хируршките гранки, и четири вработувања на здравствени работници - две сетри, еден лаборант и еден радиолошки технолог.

Огласот е резултат на 350-те одобрени вработувања од Владата за здравствени работници.

На распишаниот оглас кој што траеше шест дена, за сите предвидени места се пријавиле и поднеле документи соодветни лица, па сега им преостанува да полагаат стручен испит и англиски јазик, информираше Дејан Апостоловски, директор на Општа болница Кочани.

Од крајот на август пак, во кочанската Општа болница во редовен работен однос се примени тројца доктори по општа медицина. Истите ќе бидат упатени на специјализација по анестезиологија, педијатрија и оториноларингологија. Новите специјализации се резултат на неодамнешниот оглас што го распиша Министерството за здравство за кофинансирани специјализации.

Инаку, за година или година ипол четворицата специјализанти кои пред три години ги прати болницата на специјализација ќе завршат со изучувањето, додава Апостоловски. Станува збор за специјализанти на хирургија, неврологија, педијатрија и гинеколологија.

Од февруари оваа година вработен е нов психијатар во психијатриското одделение во Општа болница.

Со новите вработувања и специјализациите кочанската Општа болница полека го докомплетира специјалистичкиот кадар кој што е дефицитарен во установата.

Т. Велкова

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 120 гости и нема членови


web counter



qr code