Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

javni nabavki219.09.2016  Општина Кочани се најде на четвртото место меѓу 80-тината општини во Македонија според бројот на реализирани јавни набавки во текот на минатата година.

Новинарското истражување што го направи интернет порталот “Призма“ покажува дека во текот на 2015-та локалната власт спровела 169 постапки за јавни набавки за кои е потрошена близу една третина од вкупниот буџет.

Имено од близу 524 милиони денари, колку што изнесувал вкупниот буџет на Општината, околу 161 милион биле одвоени за оваа намена. Сепак со оваа сума, Кочани е неколку места подолу од групата од десет општини кои потрошиле најмногу буџетски пари за јавни набавки. Анализата на податоците покажува дека според бројот на жители, на секој граѓанин на општина Кочани отпаѓаат по 4.256 денари од спроведените јавни набавки.

Близу 65 отсто од парите ги добиле четири фирми од земјата и странство. На прво место, со сума од над 52 милиони убедливо е српската “Минел Шредер“ од Белград, со која лани беше потпишан договор за набавка на лед светилките за јавното осветлување. Веднаш зад неа е градежната фирма “Стоименов“ од Кочани која добила близу 36 милиони денари од општинскиот буџет за извршување на работите договорени со јавните набавки. Потоа следуваат “Жикол“ од Струмица со 10,5 и “Имако“ од Гостивар со 8 милиони денари.

Останатите 63 милиони денари си ги поделиле 30-тина други фирми, кои изведувале градежни работи или пак обезбедиле услуги и стоки што ги набавила Локалната самоуправа. Всушност, најголем дел од вкупно потрошените пари за јавни набавки, над 128 милиони денари се за изведба на градежни и друг вид работи, околу 26 милиони се за повеќе видови услуги, а само 7 милиони денари се за набавка на стоки. Со потрошената сума Општина Кочани има удел од нешто повеќе од 2 отсто од вкупните јавни набавки во државата.

Што се однесува до останатите три општини од микрорегионот, Виница имала 29 јавни набавки за кои се потрошени околу 40 милиони денари или 13 отсто од буџетот, а во Чешиново-Облешево се реализирани 36 набавки за што се одвоиле 35 милиони деанри или 30 отсто од буџетот. Најмалку, само 11 набавки имало во Зрновци, за што од општинскиот буџет биле наменети 6,5 милиони денари, односно 10 отсто од буџетските средтва.

Објавените податоци од анализата на “Призма“ покажуваат дека и  четирите локални самоуправи се вклопуваат во глобалната оценка оти половина од парите влегле на приходните сметки кај одреден број фирми кои се најчести учесници на огласите за тендерски постапки. Притоа, во некои општини била регистрирана и класична доминација на една фирма.

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 53 гости и нема членови


web counter



qr code