28.09.2016 Кривична пријава од полицијата заработи 24-годишниот М.Ѓ. од Кочани за сторено кривично дело „силување“.
Пријавата против него ја поднесe Надворешната канцеларија за криминални работи од Кочани откако по дојавата што била добиена во Полициската станица бил направен увид и констатирано e основано сомнение дека тој го извршил делото врз 79-годишна старица од Кочани.
Осомниченото лице ноќта помеѓу 24 и 25 септември оваа година, откако ја отклучило влезната врата од куќата во која живеела оштетената жена, влегло внатре. Штом натрапникот забележал дека таа е сама, започнал да ја удира со тупаници во пределот на главата, брзо успеал да ја совлада, а потоа извршил обљуба над неа.
По откривањето на сторителот и неговото приведување, од страна на судија на претходна постапка, како превентивна мерка одреден му е притвор од 30 дена.
Инаку, на територијата што ја покрива Полициската станица - Кочани за изминатите 12 месеци ова е трета пријава за случај на сексуално злоставување, при што еднаш имаше таков напад и врз лице со душевни пречки во развојот.
©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.