Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

opstina kocani  zgrada2328.09.2016  Општина Кочани распиша оглас за вработување нови лица со кој во редовен работен однос ќе бидат примени шест работници. Огласот е објавен пред неколку дена и трае до почетокот на идната недела.

Според описот на работните места и условите што треба да ги исполнуваат кандидатите, станува збор за ангажирање лица кои ќе извршуваат задачи од областа на помошните услуги и од безбедноста и заштитата при работа.

Се бараат двајца извршители за работното место пожарникар спасител - возач на слецијално возило, и по еден извршител за работните задачи хигиеничар, возач, одржувач на објектите и опремата во сопственост на Општината и фотокопирант на материјали и техничка помош на администрацијата.

За првите двајца, кои ќе работат во смени според распоредот во Територијалната противпожарна единица, определена е нето плата од 15.200 денари, додека за останатите лица, чиј работен ангажман ќе биде од понеделник до петок во периодот од 8,30 до 16,30 часот, нето платата ќе изнесува по 13.350 денари. Кандидатите треба да имаат најмалку средно образование, со или без претходно работно искуство и да се македонски државјани.

Сепак, она што е карактеристично во објавениот оглас е што дел од работните места биле предвидени за пополнување со годишниот план на Општината за минатата година, додека за едно од местата стои дека е предвидено со планот за 2018 година.

Исто така, необично е што новите вработувања се реализираат во предизборен период, односно огласот е објавен на помалку од 100 дена пред закажаниот датум за предвремените параментарни избори. Според Законот за спречување корупција, од донесувањето на одлуката за распишување избори, па се до завршувањето на изборите не можат да се користат буџетски средства на државата и на општините. Во тој период не може да започне изградба на објекти во инфраструктурата, а иако во законските одредби не е децидно наведена забраната за нови вработувања, тоа се подразбира, бидејќи се работи за можност за злоупотреба на буџетски средства.

Доколку од локалната власт имаат оправдување дека не постои законска пречка за негово спроведување, останува дилемата за етичност на целата постапка, поради што во јавноста има впечатокот дека новите вработувања се во изборни цели.

T. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NE при 4 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 119 гости и нема членови


web counter



qr code