Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

dzamija 203.10.2016  Силината на звукот што доаѓа од звучниците прикачени на минарето на џамијата во Кочани им пречи на граѓаните кои живеат во близина на верскиот објект.

Велат дека пеењето на оџата за време на молитвите е прегласно, што им го нарушува секојдневниот мир, со оглед што тоа се случува по неколку пати во текот на денот.

По сопствена иницијатива жители на улицата “Борис Трајковски“, што е во непосредното соседство на џамијата, направиле мерења на звукот и заклучиле дека тој ги надминува вообичаените и законските норми.

- Ние имаме измерено бучавост што достигнува до 85 децибели, а максимално дозволената бучавост е од 45 до 55, во зависност во кој период од денот е. Таа бучавост е толку гласна, толку силна, што еве на пример имаме во соседството и мали деца, преку ден ако спијат сигурно звучникот ќе го разбуди. Имаме стари луѓе, навечер летно време звучникот е пуштен во 22 часот, кога повозрасни луѓе веќе спијат. Значи, ги буди од спиење. Напладне, кај 16 часот, пак звучникот е пуштен, има луѓе кои одмораат и пак ги буди, значи бучавоста е неподнослива, рече Спасо Ѓорѓиев, жител на улицата “Борис Трајковски“.

Ѓоргиев вели дека во непосредна близина е и клонот на детската градинка, каде исто така имало проблеми со пладневниот одмор на децата поради прегласното пеење што доаѓало од џамијата.

Поради ваквата состојба, соседите што живеат во непосредна близина се организирале за да соберат потписи и со петиција се обратиле до градоначалникот, до Советот на Општината, кај инспекторот за животна средина и во МВР. Очекуваат реакција од надлежните, а како советничко прашање проблемот се најде и на последната седница на Советот, при што градоначалникот вети дека ќе се бара решение.

- Разговаравме со џамискиот одбор и повторно ќе разговараме за да пронајдеме друго решение. Оправдувањето е дека муслиманите се подалеку од џамијата, па да се слуша и таму, меѓутоа има решение и за тоа, може да се изнајде решение и ве убедувам дека тоа прашање ќе го разрешиме на оној начин како што било до сега и ќе остане и понатаму, рече Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

Жителите што живеат во околината на џамијата се надеваат дека решението брзо ќе се изнајде, при што нагласуват дека не сакаат да ги нарушат добрите односи со своите сограѓани од исламска вероисповед.

- Ние немаме никаков проблем против џамијата како објект, ниту против луѓето од исламска вероисповед, нашиот проблем е со бучавоста, значи пресилната бучавост од звучниците на џамијата, тоа е проблемот. Ни случајно некој да не помисли дека ние имаме нешто против населението од исламска вероисповед, рече Спасо Ѓорѓиев, жител на улицата“Борис Трајковски“.

Реакции од граѓаните за бучавата што доаѓа од џамијата имало и претходно, по што неколку дена таа била во границите на прифатливото, а потоа се враќало се по старо.

Со последната реакција и со поднесената петиција, како и со ветувањето на првиот човек на Општината, жителите на соседните улици на џамијата очекуваат прашањето конечно да се реши, без да да биде оштетена некоја од засегнатите страни.

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 122 гости и нема членови


web counter



qr code