Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

poseta holandski zamenik ambasador04.10.2016  Деловната соработка меѓу македонските и холандските компании се повеќе се проширува и зајакнува, при што странските партнери во соработка со домашните фирми инвестираат во Македонија, вклучувајќи ја и општина Кочани.

Инвестициите се во различни производни дејности, во кои покрај сопствениот капитал, се ангажираат и македонски работници.

Такви се констатациите што произлегоа од работната средба што заменик-амбасадорот на Кралството Холандија, Андри ван Менс ја имаше со своите домаќини во Локалната самоуправа на Кочани.

Солидните услови за работа и инвестирање постојат и во нашата општина, при што до сега неколку холандски фирми инвестирале сопствен капитал кај нас и имаат намера така и да продолжат.

Гостинот од Холандија рече дека својата функција во холандската амбасада започнал да ја извршува од неодамна, па ова му е прва посета на нашата општина, надевајќи се дека во наредниот период ќе селдуваат нови средби.

- Ги посетувам холандските компании што се во земјата. Дознав денеска на состанокот дека Кочани е град на оризот, а од друга страна Холандија е земја на компирот. Самото тоа што има 4 големи холандски компании како инвеститори во Кочани, кои вработуваат повеќе стотици работници е знак дека има потенцијал за соработка во повеќе сфери. Се радувам на можностите за понатамошна соработка, повторно да се видиме со градоначалникот, да ја посетам пак општината, и да се отвоорат нови можности за соработка на холандски и македонски компании, рече Андри ван Менс, заменик-амбасадор на Холандија.

Во Кочани има четири фирми што се целосно холандски инвестиции. Сите тие се во различни области на производство, при што како што рече заменик-амбасадорот Ван Менс, иако во моментот тој немал информации колкава е нивната вкупна вредност, најважно е што во нив работно се ангажирани домашни работници.

До сега во општината успешно функционираат комапнијата “Антура“ со својата технолошки високософистицирана лабораторија за производство на украсни цвеќиња – орхидеи, потоа текстилната компанија “Вима Фешн“ што започна со работа пред краток период, пред старт со работа е компанијата “Нидо Глобал текстил“ чија дејност ќе биде шиење на заштитна облека, мебел-штоф и слично. Четвртата холандска инвестиција е “Геерлофс“ која се занимава со услуги за климатизирање и вентилација на големи објекти и изработка на големи ладилници.

T. Aјтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/13°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-3°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 118 гости и нема членови


web counter



qr code