Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

orizovi nivi05.10.2016  Во текот на претходната и оваа недела одговорните во АД „Водостопанство“, подружница „Брегалница“ - Кочани одржуваат средби со земјоделците од кочанскиот регион.

Целта на средбите е да се направи заеднички план за наводнување и одржување за наредната сезона 2017 како и да се слушнат нивните проблеми со кои се соочуваат.

-Целта на средбите е да бидеме поблиску до самите водокорисници за да разговараме со нив и да знаеме кои мерки да ги преземаме. Пративме писмен допис до сите месни заедници да се изјаснат во однос на планот за наводнување, а воедно на терен ги проверуваме сите канали, каналети, вади, за да видиме во каква состојба се, и годинава ќе посветиме на нив поголоемо внимание, рече Николчо Гоцев, директор на АД „Водостопанство“, подружница „Брегалница“ - Кочани.

Каналите за наводнување се стари повеќе од 40 години, но сепак од претпријатието велат дека прават напори за нивно одржување, а паралелно трудот се насочува и кон привлекување на странски инвестиции да може да се реконструираат дел од тие канали.

Во моментов, додава Гоцев, се работи на каналот ГК-18 во Штип. Станува збор за проект на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а изведувач на работите е турска фирма и истиот треба да биде завршен до наредната сезона.

Оризопроизводителите се незадоволни од ниските цени и откупот на арпата и белиот ориз.

- Од водоснабдувањето сме задоволни, но не сме задоволни од откупот и цената на арпата која што е отепувачка. Упатувам еден апел до државните институции да може да се седне на заедничка маса откупувачи и преработувачи и да се дефинира цена која што ќе биде задоволувачка. Ние бевме кај министерот за земјоделство и од министерството оценка е дека еден производител килограм арпа го чини 14 денари а ние го даваме за 10 или 11 денари. Белиот ориз треба да биде барем 22 денари за да опстане земјоделецот, а вака не можеме да егзистираме, рече Мите Ѓорѓиев, оризопроизводител од Грдовци.

Гоцев додава дека од средбите со земјоделците и оризопроизводителите може да се заклучи дека тие се до тој степен разочарани од ниските цени на арпата и белиот ориз што се откажуваат и велат дека нема повеќе да сеат ориз, со што дополнително ќе се одрази и на претпријатието, а полињата ќе бидат запустени.

Т. Велкова

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: WNW при 4 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток-1°C/12°C
Петок1°C/11°C
Сабота1°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 81 гости и нема членови


web counter



qr code