Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

zid crkva orizari05.10.2016  Во една од најстарите цркви во кочанскиот крај, храмот „Свети Атанасиј“ во Оризари, продолжува надворешното уредување и фрескосликањето на внатрешниот дел.

Црковниот одбор во првата фаза од обновата на црквата целосно ја смени фасадата, го поплочи дворот и започна со фрескосликањето на страничниот дел од внатрешноста на истата.

Во тек е реализација на втората фаза од уредувањето каде што е планирана обнова на потпорните ѕидови, како и хортикултурно уредување на просторот.

- Надворешните ѕидови ги обновуваме со камења. Работите се одвиваат добро, иницијативата успева а нашите сограѓани и оние кои се во странство помагаат и донираат за негова обнова. Упатуваме и понатаму апел до сите верници колку се во можност да донираат за да обезбедиме средства за реализација на планираниот проект рече Марјан Иванов, член на Иницијативниот одбор за обнова на храмот.

Иванов, додава дека продолжува и фрескосликањето на внатрешниот дел на црквата до нејзино целосно завршување за што има голем интерес за донирање на икони од иселеници од Оризари кои живеат или се на привремена работа во странство. Следна активност, како дел од втората фаза од проектот, е хортикултурно уредување на дворот на храмот, како и изградба на влезна капија од западната страна и поплочување на внатрешноста на црквата.

Инаку, Црквата посветена на Свети Атанасиј е градена во 1848 година, потоа делумно разрушена за да биде повторно изградена во 1876 година, а фрескоживописана во таванскиот дел од страна на тајфата на Исаија Макаровиќ од село Гари - Дебарско, која престојувала во Кочанско. Од 55-те икони, колку што се наоѓаат во црквата во Оризари, 17 се запишани во регистарот на регистрирани икони на Заводот за заштита на спомениците на културата во Македонија.

Т. Велкова

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 143 гости и нема членови


web counter



qr code