Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

KONCESIJA RIBARi10.10.2016  Со добивањето на концесијата за вештачкото езеро “Гратче“, спортско риболовното здружение “Кочански рибар“ конечно ќе започне да ја реализира повеќегодишната желба за организирано користење на рибниот потенцијал на акумулацијата.

Досега состојбата беше хаотична, односно постоеше нелегален улов на риба, поради што рибниот фонд постојано беше под закана за намалување. На прес-конференцијата што ја организираше риболовното здружение беше речено дека една од главните цели ќе биде зачувување на потенцијалот на акумулацијата, обновување на ресурсите, но и одржување на околината на езерото.

Поради тоа ќе се започне со издавање риболовни дозволи, што ќе мора да ги добие секој кој сака да врши спортски и рекреативен риболов.

- Во текот на следната недела ќе стартуваме со продажба на дневни и годишни карти, информативно, може секој што сака да извади дозвола да дојде во двете познати риболовни продавници во градот. Воедно, да ја искористам оваа можност, ги поканувам сите членови в недела ќе организираме работна акција за расчистуваме на сметот околу самата вода. На тој начин ќе придонесеме во делот на хигиената и ќе почнеме со риболовната сезона како концесионери, рече Димитар Димитров, претседател на спортско риболовното здружение “Кочански рибар“.

Акцијата за расчистување на околината на вештачкото езеро в недела ќе започне во 11 часот, а собирното место е на паркингот кај хотелот “Гратче“.

Инаку рокот за кој е добиена концесијата е шест години и намера на нашите рибоволци е езерото “Гратче“ да влезе во распоредот на риболовната федерација за организирање првенства во спортски риболов. Освен тоа, во наредниот период ќе се врши редовно порибување и заштита на рибниот фонд, со што ќе им се овозможи на одлична рекреација на сите љубители на риболовот, не само од општината, туку и пошироко.

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/14°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела-1°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 292 гости и нема членови


web counter



qr code