Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

zadaveni kravi12.10.2016 Поголем број крави се задавени синоќа во селото Пресека од волци што ги нападнале говедата и ги умртвиле.

Сточарите кога дошле утрово ја забележале катастрофата кога на поголемо растојание меѓу себе ги здогледале мртвите животни. Велат ова не е прв пат да се случуваат вакви напади. Бараат да се преземе нешто со цел намалување на крволочните животни во овој дел од планината.

- Тука има три, понатаму има уште шест задавени крави. Не знам што се случува, само знам дека волците во овој дел многу напаѓаат, ги има во голем број, па Општината можеби треба да преземе нешто или да се организира хајка за да може да се изловат овие животни. Вака не бива веќе, сточарите ќе се откажат нема да чуват стока повеќе, вели Стојанчо Соколов, сточар од Пресека.

Сточарите велат дека самите сопственици на животните треба да внимаваат да не доаѓа до вакви немили настани, а не да ги пуштаат на милост и немилост.

- Мое мислење е дека и сопствениците на кравите не треба вајка да ги пуштаат кравите или стоката без да ги пазат. Значи треба да си водат ред за своите животни, рече Бранко Златков, сточар од Пресека.

Направената штета допрва ќе се утврдува, велат сточарите, но јасно е дека мора да се стави крај на ваквите настани, заради животните и заради штетите кои што ги прават крволочните животни.

Ловното здружение „Осогово“ не е концесионер на ова место и затоа се оградува од било каква информација во врска со задавените крави.

Т. Велкова

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 11 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 165 гости и нема членови


web counter



qr code